Порано нѐ иритираа, сега се опасни по живот

29.05.2020 14:31

новата нормалност го потврдува стариот факт за доминантните културни кодови кај нас - ароганција, игнорантност, неодговорност кон себе и кон заедницата, отсуство на грижа за другиот, отсуство на чувство за припаѓање на колектив во кој треба да придонесуваме за заедничките интереси, себецентричност, отсуство на солидарност, отсуство на емпатија, инаетливост, безобразие, не љубов скриена зад широки безначајни прегратки, ниско ниво на образование (и покрај исклучително високиот процент на доктори на науки и високо образувани луѓе), фарисејство. новата нормалност е резултат на изразените стари и опасни навики. порано нѐ иритираа, сега се опасни по живот.

Искра Гешоска, Фејсбук, 29.05.20.