Доматите како инспирација

29.05.20 15:18

Доматите дошле на европскиот континент во 16-от век, откако шпанските колонизатори на Јужана Америка првпат ги виделе кај Ацтеките.

Оттогаш доматот стана прилично вообичаена храна, се јаде на разновидни начини, суров или варен, во многу јадења, сосови, салати и пијалоци. Го сметаат за зеленчук, меѓу другото и заради  многу пониската содржина на шеќер од овошјето. Низ времето овој наш црвен пријател почна да ги инспирира уметниците и ентузијастите од целиот свет.

Така во Нешвил, Тенеси, од 2003 година постои фестивал што го слави доматот, тоа е „Tomato Art Fest “, кој за еден викенд собира околу 40 илјади посетители.

Друг голем настан што датира уште од 1945 година, но има помалку врска со уметноста, е „Ла Томатина“, фестивал што се одржува во градот Буњол, на истокот на Шпанија. На овој фестивал, пак, атракција е борба со домати.

La Tomatina – August 2010, Buñol, Spain

Abbey Road – John Cannon

Campbell’s Soup Can (Tomato) – Andy Warhol

Sun Dried Tomatoes – Beata Czyzowska Young

Tomato Boy – Dixie Redmond

Mt. Tomatomore – John Cannon

Tomato Art Fest, East Nashville

2014 Tomato Arts Festival, Nashville

Adornment – Vicki Sawyer

Извор: dionisopunk.com

 

Слични содржини

Мода / Око / Историја

ОкоБоли главаВицФото