Понеспособна политичка партиска елита и од власт и од опозиција и од сите етникуми не сме имале

30.05.2020 01:31
Понеспособна политичка партиска елита и од власт и од опозиција и од сите етникуми не сме имале

Нацијата може да е неписмена, дивјачка, арогантна, да не кажува контакти, да не почитува мерки за самоизолација, да не почитува полициски час, да плука по улици, да фрла ѓубре, да сече дрва и да гради кај ќе ѝ прдне без дозвола, да краде струја, да потпалува, да граби и тепа. Сè може... АМА...

ДРЖАВАТА и ИНСТИТУЦИИТЕ се тие што треба да воведат ред и да обезбедат еднаквост, правичност, сигурност, функционална јавна безбедност, социјален мир и благосостојба за сите, во име на истата таа дива и неписмена нација и за нејзино добро и за заштита на јавниот интерес.

Нема пострашно кога државата се прогласува за ненадлежна во сопствените граници, а институциите се изземаат и се однесуваат како да не живеат во Македонија, надевајќи се дека нема да ни текне дека се неспособни и некадарни да ја вршат работата за која сите ние, дивите и неписмени граѓани, ги плаќаме од наш џеб.

Не ја вртете приказната. Граѓаните ќе почитуваат кога ќе имаме систем кој функционира без оглед кој од кое трло е, кога ќе имаме еднаквост и во казните, и кога политиканството кое го воведувате ќе се замени со водење политика во име на граѓаните и во заштите на ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС.

Сега политичарчиња од сите бои и етникуми продолжете да се зезате и да подметнувате фори еден на друг додека луѓето умираат. Понеспособна политичка партиска елита и од власт и од опозиција и од сите етникуми не сме имале. За сите вас важи! Извадете ги главите од задникот на шефот и рацете од државните џебови и направете нешто за неписмената нација и за државата која ја цицате беспоштедно. Сите ѝ се закачивте ко пијавици. Доста бре.

Слики: Rafael Gonzales Jr - LOTERIA

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото