Медиум на друм (80): Дедлајн

30.05.2020 18:54
Медиум на друм (80): Дедлајн

Весниците се прават на линијата на смртта.

Секој кој учествува во правење весници знае што е дедлајн.

Во англискиот јазик, тој збор првобитно значел линија повлечена околу затворот која затворениците не смеат да ја преминат без опасност стражарот да ги убие без предупредување.

Меѓутоа, таа линија има и друго име: жолта. Денес не ја преминуваме во редовите за подигнување на сопствените пари, сопственот извод од матичната книга на родените или некој друг цивилизиран ред во кој чекаме на нешто свое.

Во поширока смисла тоа е секоја црта, линија, граница за која некој авторитет вели дека не смее да се премине.

И дури на крајот, дедлајн го означува она шо нѐ интересира - оној момент кога весниците одат во печат, кога секоја работа мора да заврши, па и ако е незавршена (како што по закон и е т.е. не е).

Од појавата на радиото пред стотина години и телевизијата пред шеесетина години, весниците не можат да се тркаат со живиот збор или моментално емитуваната слика. Сепак, и покрај лошите пророштва, печатените весници го преживеаја ударот на електронските медиуми - можеби токму благодарение на својата бавност.

Да речеме вака:

Весниците овозможуваат посебно да се посветите на некоја вест, некој текст или настан или дополнително да се вратите на начин на кој брзата смена на радиските или телевизиските вести не дозволува.

Пред триесетина години новинарскиот текст поминуваше низ истата процедура како и денес, но на сосема друг начин. Новинарскиот текст, откако уредникот ќе го прочиташе, одеше на „слагање“ и печатење на хартиени ленти („шифови“) со ширина на новинска статија. „Преломот“ на текстот и илустрациите се работеа - со ножици и лепак. Така подготвените страници одеа на дополнителна обработка, зависно од видот на печат.

Звучи неверојатно, но компјутеризацијата на речиси сите работи во правењето на весниците, која ја олесни и забрза работата, не го скрати значително времето на нивното правење. Уште кон крајот на XIX век во вечерното издание на лондонски Тајмс можевте да прочитате одговор на писмо кое е објавено во неговото утринско издание.

Денес тоа не постои.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф и илустрација: Ристо Аврамовски
Извор за текстот: Време

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото