„Алт Дизни“

01.06.20 09:51

Во оваа чудна серија на илустрации под наслов „Алт Дизни“, британскиот уметник Том Вард (Tom Ward) ги преиспитува животите на ликовите на Дизни во нашиот современ свет.

За неговите илустрации, во кои гледаме како Пепелашка се расправа со принцот, бидејќи тој повеќе е заинтересиран за неговиот телефон, како принцезата Јасмин ја чисти куќата додека Аладин игра видео игри, а Алиса во земјата на чудата треба да јаде салата зашто е на диета, Том вели дека сакал да внесе малку реалност во приказните и свесност за „времето во кое живееме за да комуницираме за актуелни прашања на релативен начин“.

Извор: theinspirationgrid.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото