Зелена Македонија

02.06.2020 10:01

Јас сум за зелена Македонија (може и северна да биде и јужна и вардарска ама да биде зелена).

Во зелената Македонија не се умира од сиромаштија и загаден воздух и вода и земја. Не се умира од незнаење и неписменост.

Во зелената Македонија секое дрво е важно и секоја педа зеленило.

Во зелената Македонија граѓаните ја контролираат власта.
Во зелената Македонија најмалку пари се трошат на привилегии на функционретите, а најмногу на привилегии на ранливите групи.

Во зелената Македонија професионалците управуваат со државата.

Во таа моја зелена Македонија верата е индивидуално право, етничката припадност е само една од многуте разлики меѓу луѓето, а сексуалната определба си е едноставно, сексуална определба.

Само замислете.

И решете да ја направиме Македонија зелена.

Тешко е, ама не е невозможно.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 02.06.20.