Најпознатиот турски филантроп сега е политички затвореник

03.06.2020 00:22
Најпознатиот турски филантроп сега е политички затвореник

Осман Кавала

Еден бурен ден во судот во февруари, турскиот бизнисмен и филантроп Осман Кавала неочекувано беше ослободен од обвинението дека се обидел да ја сруши владата, а потоа повторно беше уапсен пред да ја почувствува слободата.

Денес тоа го опишува како најдобар ден во својот живот.

„Нѐ ослободија“, им рече на своите адвокати, мислејќи и на осуммината луѓе на кои им се судеше за истиот трошок.

Во тој момент не беа важни двете години кои ги помина во самица продолжени на неодредено време - овојпат заради лажно обвинение дека го поддржал рушењето на власта во 2016 година. Беше среќен што барем еден случај покажа дека обвиненијата против него и петнаесетмина други беа без никаква основа.

Кавала стана најпознат политички затвореник во Турција, а како што рече и самиот после повторното апсење, неговиот случај е епитом на неправдата во Турција на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Овој случај беше само еден од половината милион обвиненија кои се активни во моментов заради обид за државен удар во 2016 година.

Познат по добрите нешта што ги направи, Кавала беше обвинуван и дека е шпион, дека негува врски со терористички групи, но и дека учествувал во планирање на рушење на власта. Дури и сите адвокати што го застапуваа, кои се свесни дека во Турција со децении се водат политички процеси, аргументите против него ги опишаа како „пресмешни“.

Осман Кавала (63) пораснал и живее во Истанбул. Неговото семејство тргувало со тутун и се преселило од Кавала на северот од Грција во Истанбул во дваесеттите години од минатиот век, кога беше организирана размена на популации помеѓу двете земји, после падот на Отоманската империја.

Студирал на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара и на Универзитетот Манчестер во Обединетото Кралство. Запишал докторски студии на Новата школа во Њујорк, но ги прекинал во 1982 година, кога починал татко му. На 26 години се вратил во Истанбул и го преземал раководењето со Групата Кавала, која има неколку компании. Во 1988 година се оженил со Ајша Бугра, социолог.

Потоа ја основал издавачката компанија Iletisim Publishing Company, која промовира демократски идеи.

Особено го заинтересирале прашањата за животната средина и граѓанските права. На пример, се откажал од градење хотел на југот од Турција, кога му предочиле дека плажата е мошне важна локација за желките и нивните јајца.

Важно прашање во Турција од крајот на деветтата деценија на минатиот век беше конфликтот на турската армија и курдските сепаратисти, кој се претвори во етнички конфликт против курдската популација. Кога вооружениот бунт престана една деценија подоцна, Кавала започна бизнис кој требаше да биде негово наследство.

„Почнавме да зборуваме колкава е моќта на уметноста и културата во помирувањето“, рече Ајша Бугра, „и почнавме да размислуваме да ја пренесеме таа култура во различни делови од земјата.“

Од таа идеја е родена организацијата Анадолу култур, која ги поддржува уметноста и културата и организира изложби и перформанси ширум државата.

После земјотресот кој во 1999 година усмрти 17 000 луѓе, Кавала почна да им гради привремени домови.

Она што особено ги заболe Кавала и неговите пријатели и за што постојано размислувал во претходните 29 месеци зад решетки е зошто бил издвоен пример.

Можеби одговорот е едноставен: заради сето тоа што го претставува. Тој е симбол на секуларната елита, која во поларизираното турско општество е опозиција на претседателот и неговите следбеници.

Извор: New York Times/International Report

Слични содржини

Свет

ОкоБоли главаВицФото