Предавање во КСП Центар-Јадро за улогата на синдикатите денес

03.06.2020 09:55
Предавање во КСП Центар-Јадро заулогата на синдикатите денес

Во петок (5 јуни), со почеток од 19 часот, на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро ќе се одржи првото од серијата онлајн предавања за различни општествено релевантни теми.

Првото од предавањата ќе биде посветено на синдикатите и нивната улога денес. Предавач е Кире Василев, магистер по студии за развој и труд при Универзитетот на Лондон (СОАС). Тој членувал во неколку левичарски активистички организации и е автор и ко-автор на неколку студии за трудот и работничките права.

Економско-политичката литература е таа која синдикатите ги дискутира како организации кои се значајни за економијата, но најчесто оваа литература зборува за флексибилизација на работните односи со цел подобрување на продуктивноста на работниците и зајакнување на националната, регионалната и глобалната економија. Често во оваа литература синдикатите се опишуваат како организации кои го забавуваат растот на профитот затоа што се спротиставуваат на економските мерки диктирани од капиталот. Со ваков изговор беа и спроведени серија на анти-синдикални мерки во 80-те и 90-те години на минатиот век од страна на глобалните политички лидери како Маргарет Тачер и Роналд Реган.

Но историски, синдикатите играат позитивна улога во развојот на економијата и заштита на работниците. Синдикатите се јавуваат како одговор на миграцијата село/град и трудовата експлоатацијата кој се случила во време на индустриската револуција. Протестите и штрајковите кои почнале да се појавуваат во новите приватни фабрики се јавиле како резултат на лошите услови за работа и неиздржливата експлоатација на трудот. Работниците почнале да се групираат и да формираат организации за да го заштитат сопствениот интерес со тоа што бараат плати кои ќе им обезбедат основна репродукција за работниците и нивните семејства. Таквото спротиставување вроди со несогласување помеѓу работниците и сопствениците, а тие социјални несогласувања прераснаа во водечки конфликт кој ја придвижува економијата и денес. Правото на работа, правото на минимална плата, правото на безбедност и здравје при работа, правото на осумчасовен работен ден, се само дел од правата кои денес работниците ги уживаат благодарение на синдикалните.

Но што е со синдикатите денес? Кои се предизвиците со кои се соочуваат овие работнички организации? Дали има шанса за ревитализација на нивната сила или пак времето на синдикатите е поминато? Ова се само дел од прашањата кои ќе ги покрене ова предавање.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото