Корона: Кога доаѓа вториот бран?

03.06.2020 12:44
Корона: Кога доаѓа вториот бран?

На почетокот изгледаше дека животот многу долго ќе ни се одвива зад затворени врати, можеби дури и до крајот на летните одмори. Но тогаш ситуацијата одеднаш се промени и вратите се отворија и порано отколку што се мислеше. Во Германија, Шпанија, Грцја и други држави се укинати најрестриктивните мерки. Но, расте загриженоста дека планетата би можел да ја зафати втор бран на зараза.

Уште сега се појавуваат првите предзнаци на вториот бран на овој нов коронавирус: Кина и Русија бележат нови инфекции, а дури и во Јужна Кореја, која по првиот бран беше пофалена за успешното сузбивање на ширењето на пандемијата, сега луѓето повторно се инфицираат со вирусот SARS-CoV-2.

Вториот бран е повеќе или помалку неизбежен

„Овој вирус, во нашите општества би можел да се развие во уште еден ендемски вирус. Можеби и никогаш нема да исчезне“, изјави на прес конференција Мајк Рајан, директор на Здраствената програма за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО).

Ни други вируси, на пример ХИВ, не исчезнаа, вели Рајан. Но, научниците развиле лекови кои вирусот го држат под контрола и на заразените им овозможуваат живот во коегзистенција со патогенот. Многу малку вируси се искоренети како што е вирусот на големи сипаници.
Сите други вируси и понатаму се меѓу нас. Ако погледнеме наназад ќе видиме дека вториот бран на една пандемија може да биде многу полош од првиот.

Шпански грип: дојде за да остане

Во 1918 година, шпанскиот грип дошол во три големи бранови и како што се проценува однел 50 милиони животи. Пандемијата почнала во март, 1918 година. Врвот го достигнала на крајот на истата година.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) во Соединетите држави поаѓаат од тоа дека вториот бран е одговорен за најголемиот број на смртни случи во САД (земјата во која, како што се претпоставува, настанал вирусот). На почетокот на 1919 година дошол третиот бран и траел до средината на таа годна. Веројатно вирусот никогаш целосно не исчезнал.

Според една студија од 2006 година, сите случаи на инфлуенцата А – инфлуенца која ги погаѓа птиците и цицачите од времето на шпанскиот грип, се „настанати од наследниците на вирусот од 1918 година“.

Москва 16.05.2020.

Нема меѓународни стандарди за втор бран

За да се намали ризикот од избивање на нов бран на инфекции, Светската здравствена организација, во ажурираната стратегија за Ковид-19, од 19 април, советува попуштањето на мерките да се врши „постепено“, „Базирано на евиденција и докази“.

Во идеален случај, помеѓу поединечните фази би требало да се направи пауза од најмалку две недели (времето на инкубација на Ковид-19). На тој начин би имало доволно време да се реагира на соодветен начин, наведуваат од СЗО.

Меѓутоа, во Германија за тоа нема дискусија. Училиштата ја започнаа втората фаза на отворање само четири дена откако почна наставата за повисоките одделенија; значи без советуваните две недели пауза.

Одговорноста за попуштање на мерките, германската влада ги префрли на сојузните покраини и општини. Доколку се случи во еден регион во тек на една недела да бидат забележани 50 инфекции на 100.000 жители, повторно би требало да се воведат строги рестрикции.

Но, овие 50 случаи на 100 илјади жители се само бројки. Затоа што, се чини дека нема единствен глобален стандард за тоа што всушност ќе значи вториот бран на епидемијата или пандемијата.

„Вториот бран“ не е утврден поим, вели Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО во својот одговор на Дојче веле. „Тој поим се однесува (само) на новите појавувања на заразата кои доаѓаат откако бројот на заразени почнал да се намалува. Истото важи и за “третиот бран“.

„Ако болеста во државите трае на ниско ниво и ако нема доволно капацитети за истражување и идентификување на жариштата, тогаш постои опасност дека болеста повторно ќе избувне“. Тоа особено важи таму кадешто се движат поголем број луѓе: во големите градови, во бегалските кампови и на местата на кои не постои можност да се одржи социјалната и физичката дистанца.

Алимос, Грција 16.05.20020.

Порано отколку што се мислеше

Сега, кога на северната хемисфера почнува летото, Грција и Шпанија, наспроти вирусот, се надеваат на туристи, вториот бран би можел да нè погоди порано отколку што се претпоставуваше. Тоа се податоци од студијата која е објавена во април во медицинското списание „The Lancet“.

Големиот бран на нови инфекции ќе доведе и до нов бран рестрикции

„Токму тоа се обидуваме да го спречиме. Се надеваме и веруваме во тоа дека Германија, Кореја и другите држави ќе бидат во ситуација да ги сузбијат жариштата. Во поединечни случаи, на субнационално ниво, можеби ќе мора да се спроведат конкретни мерки за да се намалат одредени начини на пренесување на вирусот“, објаснува Мајк Рајан од СЗО.

Како што стојат работите, можеби сепак ќе мора уште еднаш да ги одложиме нашите годишни одмори.

Извор: Дојче веле на српски јазик

 

Слични содржини

Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото