1018 hPa
75 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 17:59
Значењето на „европскиот идентитет“ не се подразбира само по себе. Доцниот средновековен збор „идентитет“, кој може да се преведе како „самостојност“ или „единственост“, во поново време значи и самостојност на човековото Јас или Мене. Во 20 век се тргнува од „колективниот идентитет“, каде што луѓето еден за друг и еден со друг зборуваат и размислуваат во формата „Ние“. Битните влијанија врз колективниот идентитет во Европа беа прво родството и потеклото, потоа и религиозното општество, подоцна поради околностите социјалната класа, ама, пред сè, нацијата. Како потврдена заедничка работа колективниот идентитет најчесто упатува на претставата за заедничка судбина, на подготвеноста за солидарност и на заеднички ставови и размислувања. Вклучува и ограничувања против другите (заедничкиот непријател го јакне колективниот идентитет). Нејзиното стабилизирање е поткрепено со неколку симболи како обичаи, митови, историски збиднувања, места што евоцираат спомени (споменици), текстови (убедувања, химни, повелби, програми), многу често и луѓе (основачи или основоположници на заедницата, спасители од заедничка катастрофа, членови, со кои народот може да се гордее) и, на крај, институции, кои на колективот му даваат форма и способност за дејствување – преку авторизацијата на лицата да носат обврзувачки одлуки во име на колективот (само поединци имаа свое „Јас“ и „Мене“).
Многу често се вели: нацијата се залага за создавање на национална држава. Всушност, врвот на една држава се стреми кон заживување на националната свест (како типична свест на колективниот идентитет на една модерна држава), кон гаранција за прифаќање и легитимност на политичкиот систем. Идеолошкиот идентитет и политичката форма се во тесна поврзаност.
Европскиот идентитет стана честа тема дури по 1990 година. Свеста граѓаните треба да ги наведе да се идентификуваат со Европската унија (слично како што националната свест води до идентификување со националната држава). Но, ЕУ не треба да стане „супердржава“ која ќе ги стопи националните идентитети на земјите-членки во еден единствен колективен идентитет: Договорот за ЕУ не само што ѝ наметнува на Унијата да го зачува сопствениот (европски) идентитет (член 2 од ДЕУ), туку и да го почитува националниот идентитет на земјите-членки (член 6(3) од ДЕУ). Бидејќи ЕУ претставува слика од посебен вид (латински „sui generis“) и смислата за заедништво на која се однесува ,исто така, мора да има карактер на „sui-generis“, а не само да наликува на национална свест; поради ова дојде до употреба на апстрактната формула „идентитет“ која се користи во многу општества.
Националниот и европскиот идентитет меѓусебно треба исто толку малку да се исклучуваат како граѓанството на државата и Унијата. Истовремено себеси треба да се гледаме како Германец (односно, Французин итн.) и како Европеец и да ги прифатиме и двете припадности.
Првата официјална употреба на поимот (1973 година, види подолу) е составен дел на историјата на денешната употреба на поимот. Пораката беше: Европа во светот треба да зборува со еден глас. Притоа, меѓу останатото, се нагласува остварувањето на „заедничкото наследство“ и „сопствените интереси“, на заедничките обврски и на „кохерентноста“, наспроти „останатиот дел од светот“, како и упатувањето на „основните елементи“ на европскиот идентитет, имено владеењето на правото, социјалната правда (како „цел на економскиот напредок“), почитувањето на човековите права. Далеку беше размислувањето за заедништво, солидарност и свеста за идентитетот на граѓаните кои ја јакнат лојалноста кон ЕЗ.
Подоцна дискусијата, пред сè, се одвиваше околу можностите и проблемите на европската „политика на идентитет“: како може да се избалансира нерамномерноста меѓу економското стремење на интеграцијата ориентирано кон целта, и политичката и духовна смисла која е ориентирана кон благосостојба и се однесува на луѓето?
Веќе почна да се поставува патетичкото прашање, како да ѝ се даде „душа“на Европа (како исправка на „бездушна еврократија“).
Димензии на европскиот идентитет
Што води кон ние-свест? Најчесто се упатува на заеднички работи, „кои нè поврзуваат“ – на пример, заедничка историја (или верувањето во заедничко потекло), заедничка перцепција за сегашноста, заедничка перспектива за иднината – и задачи кои мораме да ги решаваме заеднички.
За европскиот идентитет многу често заедничката историја се заговара како битна основа. Но, од што се состои наследството кое го поттикнува идентитетот? „Европа, тоа е Библијата и античкото време“ – вели Карл Јасперс. Се додаваат многу други елементи, од наворешнополитичките наследства (античкото време и Стариот завет го презедоа староегипетското наследство) преку староримските, средновековните и модерните искуства (ренесанса, хуманизам, реформација, толеранција на мислење, просветлување и еманципација, кризата на идеи во последните векови), сè до идеите за човекови права, за обединување и за мир кои датираат од денешно време; но и указите на оптоварувачките делови на наследството – од крвави прогонувања на неистомислениците (на пример, религиозните дисиденти), па сè до тоталитаризмот на 20 век.
Доколку разноликоста и спротиставеноста се составен дел на европскиот идентитет (Јаков Буркхарт: „discordia concors“), тогаш тој не може да се дефинира „неисториски“, „еднаш засекогаш“ како фиксна сума од составни делови (вклучително нивната хиерархија). Тој секогаш мора да се доведе до процес на недоразбирања и извесност. Ова не важи само за минатото, туку и за содржинската одредба поврзана со сегашноста и иднината. Лесно е да се наведат мноштвото проблеми и задачи за иднината кои влијаат врз европската ситуација, но спорно е нивното подредување по важност и нужност. Исто како временската прогноза и креирањето на мислење, така и дебатата за европскиот идентитет на овој начин се стекнува со своја динамика.
Значења, стратегии, проблеми
Најчесто консензус се постигнува во врска со „основните елементи“ наведени уште во 1973 година (согласно со член 6(1) од ДЕУ тоа се „начелата“ врз кои почива Европа). Но, тие не ја означуваат различната особеност на Европа, туку би требало да бидат меродавни (нивниот развој и јакнење надвор од Европа, ЕУ го обработува во член 11(1) од ДЕУ како цел на → Заедничката надворешна и безбедносна политика).
На овој начин во игра беа внесени нови предлози за елементи на европскиот идентитет, на пример, таканаречената европска „заедница на вредности“ (уште Августин дефинира еден народ како таков) или „водечка култура“; се нагласува и разликата од „контраидентитети“ (порано кон Источниот блок, подоцна кон САД, одвреме-навреме кон исламскиот фундаментализам и како мотив за одбрана против наплив на странци).
Дијалектичката поврзаност на (идеолошкиот) идентитет и (политичката) форма, од една страна, води кон тоа ЕУ да се залага за градење на свеста наменето за јакнење на европскиот идентитет и се надева и поттикнува спроведување на соодветни активности (на пример, од страна на универзитети, медиуми, од „Европското движење“ и останатите образовни институции коишто ѝ се блиски). Од друга страна, пак, позитивно е за европскиот идентитет доколку самата ЕУ биде прифатена како актер, кој придонесува за европското заедничко добро, значи за доброто на граѓаните, но и на нивните земји-членки, на пример, со тоа што го поттикнува мирот и благосостојбата или гради и проширува → Област на слободата, безбедноста и правото. Оттаму и атрактивното самопретставување на ЕУ е составен дел на политиката на европски идентитет. Од голема помош за ова би бил „Устав“ со јасни контури.
Многу работи остануваат дискутабилни. Колку силно може европскиот идентитет да влијае не само врз размислувањето и врз дејствувањето на културните елити и европски ангажираните малцинства, туку и врз личниот идентитет на граѓаните на Унијата, бидејќи тие во денешниот и утрешниот свет мора истовремено да се справат со многу проблеми, несигурности и можности за идентификување.
Избор: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Извор за текстот: ЕВРОПА од А до Ш; прирачник за евроинтеграција, 2003
Илустрациите се земени од книгата Drawing Europe Together: Forty-five Illustrators, One Europe (2018)
ЕУ река (73): Европа - заедница од мали автономни целини
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.