Погрешните одлуки скапо нè чинат

04.06.2020 00:11
 Погрешните одлуки скапо нè чинат

Оној момент кога одлучивте да се ставите на страната на верските заедници наместо на страната на безбедноста и здравјето на граѓаните, сите мерки станаа беспредметни и неефективни.Полицискиот час не ја исполни целта поради која беше спроведуван од истите причини,а со ефектите се соочуваме денес.

Да се донесе одлука за затварање на граѓаните од утре вечер до понеделник сабајле е изживување и преминување на границите до каде може да одите во дерогирањето на правата и слободите, од проста причина што оваа мерка повторно ќе биде неефективна и нема реална оправданост.

Наместо да си играте мајтап со интелигенцијата на граѓаните и секако со нивното физичко и ментално здравје, позанимавајте се со неефикасноста на институциите кои требаше да постапуваат на начин кој би обезбедил почитување на мерките, тука на пример мислам на МВР! Сосема доволно е викендов полицијата да спречи посета на гробиштата и да има зголемен надзор во општините кои во моментов се жаришта на заразата.

Погрешните одлуки скапо ве чинат, а нови такви одлуки ќе значат целосен дебакл од аспект на менаџирање на држава во услови на криза!