Реакции по повод претстојниот 80-часовен карантин

04.06.2020 15:17
Реакции по повод претстојниот 80-часовен карантин

Поради зголемениот број новозаразени, Владата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.

Во сите останати градови, се забранува движењето на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

А на социјалните мрежи голем број реакции на карантинот: 

Ирена Ристиќ:

Истата комисија ја користи истата мерка итн.

Истата комисија ја користи истата мерка полициски час, која претходните пати не беше почитувана од истата група луѓе, за да го јадат истите кои го јадат цело време, поради истите кои ни сега нема да ја почитуваат истата мерка која ја предлага истата комисија на истата влада која исто се губи цело време.

Јасно?

Уранија Пировска:

Погрешните одлуки скапо нè чинат

Оној момент кога одлучивте да се ставите на страната на верските заедници наместо на страната на безбедноста и здравјето на граѓаните, сите мерки станаа беспредметни и неефективни.Полицискиот час не ја исполни целта поради која беше спроведуван од истите причини,а со ефектите се соочуваме денес.

Да се донесе одлука за затварање на граѓаните од утре вечер до понеделник сабајле е изживување и преминување на границите до каде може да одите во дерогирањето на правата и слободите, од проста причина што оваа мерка повторно ќе биде неефективна и нема реална оправданост.
Наместо да си играте мајтап со интелигенцијата на граѓаните и секако со нивното физичко и ментално здравје, позанимавајте се со неефикасноста на институциите кои требаше да постапуваат на начин кој би обезбедил почитување на мерките, тука на пример мислам на МВР! Сосема доволно е викендов полицијата да спречи посета на гробиштата и да има зголемен надзор во општините кои во моментов се жаришта на заразата.
Погрешните одлуки скапо ве чинат, а нови такви одлуки ќе значат целосен дебакл од аспект на менаџирање на држава во услови на криза!

Вики Младенова:

Како може да се пресмета ефективноста на затворен продолжен викенд?

Се чини дека една мерка се цени најдобро по нејзината временост. Ако доцна попладне и само еден ден порано се најавува комплетно затварање (lockdown) во траење од 4 ноќи, независно од сè друго, се покажува дека не точно се знае што се прави... Ако се вратиме наназад, токму од (полу -)затворените викенди се збраја овие големи кластери (на тоа се додава само и вампирскиот капитализам во Штип, кој произведува многу ранливи луѓе, на сè па и на ковид19); па како би можело да се пресмета извесната ефективност на затворен продолжен викенд? Можеби преку неподносливите редици, денес, празни полици, нервозни и анксиозни шпартачи низ градов?

И ќе може ли да видиме, барем овој пат, еве на пример лајвстрим на МВР како контролира во општини, кои целосно ги има напуштено и запоставено, оставајќи дупки кои се полнат со енергијата на верски и партиски штеточини? Да видиме дали непропорционалниот полициски час, за доброто на сите наводно, ќе ги запре кластериве да се шират?

 Ивор Мицковски:

Каква сме ние пропала збирштина

Имаме 145 мртви, секој ден растат заразени, ја искинавме кривата, ситуацијата е сериозна и бара максимална сериозност, а нашите две партии се бават со избори, со местенки, зборат за теретани и кафани, третата се бави како да бутне нови партиски во администрација.
Едниве плукаат по другиве и обратно, а ние мораме да живееме со ова срање секој ден.
После јавноста била хистерична и се бавела со дневна политика.

Па вие сте тоа бе дечки, ни правите вожња од која не можеме да избегаме, празна и шуплива, пошто нема друго.
Па јебо вас бог вас јебо ова е комплет полудено и памет не доаѓа.

А какви реални проблеми и борби за водење имаме, никој со тоа не се замара.

Срамота сме.

Кристијан Фидановски:

Полициските часови се непотребни, според „Економист“

The Economist вика дека полициски часови се толку непотребни што прават помала разлика дури и од најпроста работа како носење маски.

Табелава е малце поедноставена (има и многу други разлики меѓу земјиве), ама поентата е дека цел свет сфати дека вирус се победува со мерки против вирус, не со мерки против излегување.

 Лина Ќостарова Унковска: 

Сакате решение?

- клуч на СИТЕ верски објекти
- војска со оклопни коли пред гробиштата во Скопје, Тетово и Штип (освен за погреби)
- Редари на СИТЕ влезови во затворени простории /без маски назад/
- пунктови со бесплатни маски
- ригорозни казни за непослушните.

 Синоличка Трпкова:

Сè одеше добро додека не се вмешаа партиите

Сè одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци. Здравството иако на колена со децении сепак можеше да ни помогне со знаењето на лекарите. Министерот за здравство, како лекар, заедно со комисијата, си ја тераше обврската професионално. И тогаш тргна возот со политиканти и местенки и ја гангреносаа единствената надеж. И тоа на перфиден мијалковистички начин. Сè во име на здравјето на граѓаните. Кога само би знаеле вие од политичките партии, колку насобран револт има кај луѓето со мозок во земјава, заради сето тоа особено! Не може и не смее повеќе во 21 век да ни кројат судбина луѓе на кои религијата им е на прво место и со неа мафтаат кај стигнат. НЕ - МО - ЖЕ! И НЕ-МО-ЖЕ државни празници да содржат верски празници. Една педа земја сме со мулти-култи народ. Не може на секој да му се праи ќефот и адетот.

 Тања Аждаја: 

Прв и втор бран?!

Ако добро сфаќам, прв бран е кога тестираш по 300-400 на ден и откриваш 20-30 заболени, а втор бран ако тестираш по 900-1000 и откриваш 80-100 заболени? Извини што ме бунат брановиве, одамна немам искочено на море.

 Сеад Ризвановиќ:

Мртвата економија ќе нè исплаши многу повеќе

Знам дека бројките нè плашат, но она што следува поради мртвата економија ќе нè исплаши многу повеќе.
Уште еднаш да кажам, последиците од економското цунами ќе бидат многу потешки во здравствена, економска, социјална и општествена смисла.

Короната нема да исчезне, можеби ќе ослаби, можеби е веќе ослабена, нека кажат експертите, мора да се научиме да живееме со неа, а не скриени од вирусот.
Менувајте стратегија додека не е доцна.

Билјана Гинова:

Скопје во карантин, скопјаните по хотели во Маврово и Охрид.

Скопје во карантин, скопјаните по хотели во Маврово и Охрид. Молим лепо. Карантинот изгледа е само за сиромасите, оние кои немаат ни вили, ниту пак пари да одат по хотелите.

Ама, сепак се тие најизложени оти ем мора да работат, ем мора да пазарат почесто храна оти немат пари да ги надингаат фриждерите за цел месец унапред.

Герман Филков:

Ако има карантин тоа ќе биде најлесната и најлошата одлука, евер

Кризата е во таква фаза што треба да се делува локално, со целен пристап, ама за тоа треба малку и да се мрдне газот од фотељите. Срамота! Се здробивме од работа цела криза, секој ден со судни маки и одиме на работа и внимаваме и почитуваме мерки и гледаме родители и подучуваме деца и гледаме да останеме нормални, некому му текнало најлесно е карантин и ајде. Не, ќе седнете, ќе најдете кој не почитувал мерки, ќе му наебете се` по список и ќе не оставите нас другите да живееме и работиме, а и вие малку ќе поработите освен што печете кифлички и јадете диливери од ресторани.

 Ненад Георгиевски:

Не е сè толку лошо.

Не е сè толку лошо. Сепак ќе послужиме некому за пример како не треба.

ОкоБоли главаВицФото