Како во сон...

05.06.20 10:26

Од 2006 година, Метју Грабелски (Matthew Grabelsky) создава слики во кои ги комбинира секојдневните глетки со слики од митологијата и соништата. Оваа серија е сместена во њујоршката подземна железница, а насловите на сликите се имињата на станиците. 

Како што вели авторот, неговите дела не се фантазија или алегорија, туку  спој на секојдневните искуства и потсвеста. Неговите слики се енигматични и создаваат светови што личат на соништа кои ги покануваат гледачите да формираат сопствени толкувања.

Грабелски е роден во Њујорк, откако дипломирал на Универзитетот Рајс,  се преселил во Фиренца, Италија, каде што поминал четири години учејќи ги техниките на класичното цртање и сликарство. 

Тој слика на многу реалистичен начин во стилот на француските сликари од 19-от век. Овој визуелен јазик тој го користи за раскажување современи наративи. Своите теми ги поставува во урбани средини: возови, улици и космополитски градски предели, потоа воведува пресврт за да создаде мешавина од рационални и ирационални елементи. Неговите дела често се хумористични и ја надминуваат границата помеѓу сериозното и бизарното.

Извор: dionisopunk.com

 

ОкоБоли главаВицФото