„Не се ѕвери во бела жена“ - правила за преживување на младите црнци

05.06.2020 13:22
„Не се ѕвери во бела жена“ - правила за преживување на младите црнци

19 - годишниот Афроамериканец, Камерон Велч, на социјалната мрежа „Тик Ток“ ги обелодени непишаните правила за однесување во јавност на кои го учеле родителите за да преживее.

„Не ги држи рацете во џеб, не ставај качулка, никогаш не излегувај без маица, никогаш не допирај производ во продавница што немаш намера да го купиш, не возвраќај ако те застане полиција, не пуштај гласна музика во автомобилот“ - ова се само некои од правилата од долгиот список што Камерон го научил уште на 11 години. Неговото видео има над 10 милиони прегледи. Еве неколку од нив: 

- Не ги ставај рацете во џеб.

- Не ставај качулка.

- Никогаш не излегувај од дома без маица.

- Секогаш кажувај каде си, дури и кога си блиску до дома.

- Не останувај надвор до доцна навечер.

- Не допирај ништо што немаш намера да го купиш.

- Никогаш не ја напуштај продавницата без потврда или сметка, дури и ако тоа е само едно пакување мастики за  џвакање.

- Никогаш немој да дозволиш да изгледа дека се расправаш со некого.

- Никогаш не ја напуштај куќата без лична карта.

- Не излегувај надвор со маица без ракави (на англиски „wifebeater“).

- Никогаш не ставај марама („du-rag“)

- Не пуштај музика во автомобилот премногу гласно.

- Не се ѕвери во бела жена.

- Ако те застане полицаец и почне да те испрашува, не му возвраќај, однесувај се компромисно.

- Ако возиш и те запре полиција - стави ги рацете на контролната табла и само прашај дали може да ја извадиш дозволата.

Велч вели дека убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата во Минеаполис, минатата недела, го натерало јавно да проговори како е да се живее со силна свесност за присуството на полицијата.

„Во овој момент во нашата земја, беше неопходно да проговорам, па го објавив видеото. Сакав луѓето да ја слушнат и да ја разберат вистината за секојдневното искуство на еден црнец“.

Извор: HuffPost

 

 

ОкоБоли главаВицФото