Curfew song (11)

06.06.2020 12:50
Curfew song (11)

Bilo je to davno, kad su ono providur Barbabianka i šjor Zuane Dalla Zonta, proto arsenala u Mlecima i kapetan motovunske šume, išli po mletačkoj Istri da označe vapnom cerove koji će se oboriti i prevesti u Mletke.
Vladimir Nazor, Veli Jože

It's worth your blood, sweat, and tears to be living at all.
You bought the lies, everybody tries to tell you you're dead,
It flies before your eyes before anybody has said.
The motherfuckers never stop drilling holes in your head...

Anton Newcombe, We Never Had a Chance

 

 

Yippee! Па назад у Берово после 2 месеци досаден стрес у Скопјенце, иако и по пут не пројде без урликање и хистерии, ко и увек со високо напнатиот Енглез и јуслес ми ко сме у кола.

И вчера почнав да го пишуем ова, ал некако успеав да го избришам, па ако баш ве занима, ми беше мука онака две до три минути, па после баш ми беше гајле, пошо си му се изнаплакав „менопаотично“ на крајот од серијата шо ја избинџавме овие неколку денои, Our Friends in the North, ептен успешна би-би-си серија од девеести, за која Енглези мислат дека одлично ги претставља у послератни двајсти век, и не, никако не заличуе на Брајдсхед, него следи четворица френдои (една френдица и грлфрендица и супруга) у тек на триес години од шеести до девеести у Њукасл на север (лабуристичко радничко дувло) и им направуе кариери на сите четворица глумци, укључујуќи го оној Бондот, Џемс Бондот. Топло ја препоручам на моите другови со левичарски предиспозиции, партиски организирани ил‘ не, чисто онака да си проверат до кај се со потценуење на „непријатељот“ и преценуење на својте пориви, ко шо бива тоа у левото, увек сме добар материјал за спрдачина.

Значи, тргнуеме од Скопјето касно у понеделникот и ни се брза да не нè фати „полициски“ (иначе информируена сум од „проверени“ извори дека у земљава се издале ни мање ни више него двеста хиљадарака дозволи за движење у полициски час, па така, ако ја немате, спаѓате у тоа простата раја, ал ипак утешете се дека иаме прилично бројна елита), па затоа ја па предлагам да идеме по обиколница, па чак и се јавуем на сестра да ми даде напатствија по која пренатрупана уличетина се врти после Ацо Палас за да се дојде до тоа обиколницата, ал џабе и јадниов обид за организирање у задњи час, ауто-дебил си е ауто-дебил, увек коа седнуем у кола си зјапам у свакојаки глупости и ме боли уво дал шоферот има потиснута жеља да ме утепа или не, па затоа никаква логистика не приметуам, па така ни излезот за обиколница. Ал зато коа више па излеговме негде меѓу Влај и Ѓорче инсистисам да се сврти накај Волково иако иам само бегла претстава дека и оттаму се стигнуе на тоа јебената обиколница. Па така преку Ге-Ге, односно Гологузица, да не се л‘жеме сеа, и неколку грешки и потпитања по локалци, коначно стигнуеме таму кај шо сме требало да бидеме пред 40 мин. со мањак нерви и вишак урлачини и по некоја скришна суза.

После моравме за цигло 15 минути да го спичиме тој аутопутот шо стварно се вика Гоце Делчев, има и таква табла, без оглед шо лупетаат дрдљави мутиводи по социјални мрежи. Па чак и тоа јадното Овче Поле изгледа привлачно у мај, само зелено уствари, иако по путот откај Велес има поише пшеница посадено, шо еднаш пред децении, исто у кола и исто у мај, ја натера една скопско шмизлеста моја другарица да искоментира дека ѝ личело на Прованса?!, иако па ја го паматам и од Југата, коа го садеа со едни јадни џгурави сунцокрети, пошо, нели, моравме да си бидеме самодовољни, а они уствари изгледаа, онакви сосушени на немилосрдното овчеполско сунце, ко некакво огромно гробље.

Ал после малце се забаивме на потегот Чишиново-Облешево-Кочани пошо на пут стално излетуеја трактори од тоа оризиштата, кои у фебруар коа ги палеа ни вреѓаа осетљиви носиња и душиња, а сеа ги поплавујат за да ги насадат со ориз, а и штркои прс и плева, милина да гледаш, тоа зашо природава, изглеа, чисто ради рендомнес аргјумент, нас Македонациве малце помалце ни ја ака тоа тинтарата од ѕид од многу други по светов, не дека со нешо сме заслужиле.

Важно и увек лепиот планински пут од Виница до Берово успеавме да го пројдеме и таман на време, у тачно седам, ко послушно граѓанство, да сместиме г‘с дома, сосе лапачки, пљачки и дедо Бен извадени од гепек.

После малце морав да ринтам на компјутер за некои хитни рокови, тако шо исто ко да не сум у Берово, ал затоа вчера Енглезот коначно ме одведе по маршрутата шо си ја откриле со дете и деда Бен лево од путот за Струмица негде меѓу село Ратево и Дворишче (Двориште), уствари поблизу до второво, кое шо е така едно интересантничко деливеранс место у најзабитиот дел на Малешево, пола останато у Бугарска, и пуно со прасици-маторици шо слободно си се смуцаат по село за разлика од плавокосите и плавооки газди кој шо углавном, статистички, се по еден од фамилија у бајбок ради шверцање роба и мигрантска раја преко граница у сарадња со сосељаниве „одонад“ границата.


Патов уше од старт обеќава, тргнуеме по една стиснута зелена долинка, по која се спушта Симева Река (поток уствари) „до пате“ и која ја прескокнуеш неколку пути лево-десно и се трудиш да го видиш саламандерот шо веќе бил виден неколку пути, ал‘ нишо, важно горе го запикасав јастребот сајбија на солиден број квадратни километри околина пошо се огласи и ме натера да кажам дека, да веруев у реинкаранција, ич не би ми сметало да се реинкарнирам у брд оф преј.

После патов свртуе нагоре по течението на Симева Река сосе водопадчиња и ѓољчиња на кои деда Бен баш им се науживуе со шљапање, лежење и локање, иако не ја сретнавме ни розевата жаба, ни стогодишната желкетина на која Бен ѝ го лижел оклопот, ама не ни беше лошо, пошо патов е у само благ успон у сенка и обраснат со најневероватно полско цвеќе, при шо едниов тип на високо и т‘нко нежно цвеќенце со боја шо невероватно се прелива од ‘рѓава до цикламова никад претходно не сум го видела. Док идеме низ буковата шума, цапаме по бронзен тепих од лисја и се осеќам ко да сум си се вратила у мајчинеста примордијалност од прасловенски тип (надам се не ги вреѓам Македонците од несловенско потекло), зјапајќи по тоа ниските ал огромателни квргави столетни баба Јага буки.

А коа они се мењаат со стрелести бели јасики ил‘ дабои церои (чие име сме го стопиле од латински) ил‘ дапчиња прнари (чие име сме го стопиле пак од Балканскиот сојуз), бронзаниот тепих престануе, пошо нивните паднати лисја побрзо скапујат до сивило на патос, па поглед ти се фокусира на новите нежни листенца, на прнарот, де, оти оние на јасиката само моеш да ги глеаш како светкаат на сунцето, таму далеку горе, и да ги слушаш како ѕвонат, заедно со едно пе-чес птичји песми и муабети.
Коа искочивме на ливадата горе, Енглезов реши да ми извади душа астматична од дебелиот г‘с со стрмен марш по терен кој само оддалеку изглеа зеленомазен, а уствари е џомбав, ал‘ демек погледот на двете страни завредуел. И тачно, некој чак и остаил огромни пањеви за да седнеш и да се потресуеш кај и да се завртиш, ама и да вардиш да не те изапаат џиновските мравки шо лазат по дрвава.


Ко Вели Јоже се осетив кренат над шумското море, да не ви го објаснуам Назоровиот јунак сеа, проверете си школска лектира, ако сте од оние поматорите. Па после и телефон заѕвони и сестра имаше среќа шо повратив здив да се распитам шо праат по Скопјето за да ме информираат дека мајкица сеа пост-радијациски (благонадежно незаразена со Ковид од онкологија) е у толкави болки од пржењето шо завредила метадонски капки, еден од финалните производи од дестилациите на покојниот ѝ муж док је још радио, по кои и самиот имаше слабост, ал‘ углавном си се држеше конзервативно до алкохолот. Којзнае колку ќе ѝ завидуеше да беше жив. И да, фала му на мобилниот шо примордијалноста ја населив со људска садржина.
Денес беше пазар у Берово и поише расад се продаваше отколку непосредна прехрана, ал‘ ипак се изнакупуев триста разноразни цвеќки и растиње по петина од цена од у Скопјето, а и земја и саксии, дрште ми палци да не ги испоутепам.

Песмата е на Антон, у живо, ретка ствар шо ни се засвиѓала истовремено со Енглезов, иако разделени, и иако он ми објасни дека дете рекло „Hmm, this sounds like mom's kind of music."

We Never Had A Chance - The Brian Jonestown Massacre live in Castlemaine, Australia
Live at Theatre Royale, Castlemaine.

Фотографии: Trent Davis

 Кон претходните делови

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото