Слободата е глагол

06.06.2020 13:16

Љубовта е глагол
Од и за Мо вон Памел

бришана песна

Слободата не е славно сеќавање на споменикот
Слободата не е празен збор на политичарот
Слободата не е точка или остар извичник на законикот
Слободата не е мртво значење на именката
Во Речникот на словенечкиот литературен јазик
Слободата е жива крв, крило, раскриленост на крикот

Слободата не е бункер од тони бетон
Слободата не е гомно од бесмртна бронза
Слободата не е бегство, илузија на балонот
Слободата е помалку и повеќе е од законот
Слободата е ништо и слободата е круна

Слободата се смее, се менува и сонува
Слободата е сегашна и секогаш без дно
Слободата е здив и зрак што го чува
Делото посилно од злото на разорувањето

Слободата не е непроменлив устрој
Слободата не ни е гарантирана од државата
Слободата е поскапа, слободата е став

Слободата не е позната, непознат пат е, овде, пред прагот
Слободата е глас, смртно ранет и гол

Слободата е глагол, слободата е глагол


Препев: Лидија Димковска

Борис А. Новак, роден во 1953 год., во Белград, каде го има поминато детството. Живее во Љубљана и работи како редовен професор на Катедрата за компаративна книжевност и книжевна теорија на Универзитетот во Љубљана. Од 1991 год. е активен во словенечкиот и во меѓународниот ПЕН центар и е еден од најангажираните словенечки писатели во одбрана на човековите права и слободи во Словенија. Во 90-тите организирал помош за бегалците од некогашна Југославија и за писателите на опколеното Сараево. Пишува поезија и драми за возрасни и деца, преведува од француски, англиски, холандски, италијански, германски и од јужнословенските јазици. Објавил повеќе од 20 поетски книги за кои ги добил највисоките книжевни награди: „Златна птица“, „Прешерн“, „Јенко“, „Левстик“, „Вероника“, „Жупанчич“ и др. Во периодот од 2014 до 2017 год. го објави првиот монументален словенечки еп „Врата на неповратот“ во три книги на 2300 страници за кој доби пет поетски словенечки награди.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото