Бегство во свет без злосторници

06.06.2020 15:48
Бегство во свет без злосторници

На крајот на март, токму во периодот кога на поголемиот дел од светот му беше наредено да остане дома, илјадници луѓе го започнаа својот нов живот, избирајќи парче земја за својот камп и позајмувајќи капитал од еден ракун.

Всушност, ракунот е могул за недвижности по име Том Нук и тој е централна личност во „Animal Crossing: New Horizons“, весела и релаксирачка симулација на животот, видео игра што „Нинтендо“ ја издаде за својота конзола „Свич“.

Во „Animal Crossing“ нема никаква приказна, нема некоја лошотија што треба да ја победите, нема принцеза која треба да ја спасите.

Откако ќе направат аватар налик на цртаните филмови, играчите треба да претворат едно далечен остров во забрзана задница на антропоморфни суштества. Времето поминува исто како во реалниот живот, а секој нов ден носи некое изненадување: натпревар во риболов, сезонски мушички, случајни посетители.

„Нема никакви гадости“, вели Романа Рамзан, професорка на Универзитетот Глазгов Каледонијан, „нема насилство. Тоа е универзум каков што отсекогаш сме посакувале, но не сме можеле да го имаме“.

Но, најголема атракција во оваа игра, како што напиша Имад Кан во „Њујорк тајмс“, е што оваа видео игра на играчите им дава чувство на заедница. Тие можат да одлучат да бидат сосема сами на својот остров или да отидат на островот на некој друг играч, да се забавуваат заедно или да се трампаат со овошје.

Џозеф Горардо, потпретседател на ена групација на центри за одвикнување од дрога и алкохол, раскажува дека тој и неговите клиенти го користат „Animal Crossing“ за да останат во контакт во ова време на изолација.
„Стигнав на мојот остров, го отворив и само за еден час стекнав четворица пријатели, двајца колеги и двајца клиенти кои се на терапија за одвикнување, кои висеа на мојот остров“, раскажува тој.

Тој интимно ги разбира оние милениумци што страдаат од анксиозност, особено оние кои се вртат кон дрога и алкохол. „Animal Crossing“ нуди засолниште и може да им даде на играчите чувство на моќ и заедништво, особено во време кога треба да се остане дома.

„Голем дел од закрепнувањето од зависности или ментални здравствени проблеми е чувството на поврзаност“, вели Горардо.

Неодамнешното истражување на „Нилсен“покажало дека помеѓу 55 и 70 отсто луѓе од Соединетите држави, Франција, Германија и Велика Британија во овој период играле повеќе видео игри отколку претходно. Искусните гејмери не се изненадени од овој податок.

Видео игрите на играчите им даваат задачи што треба да ги извршат, а на крајот следува чувство дека нешто сте направиле, пишува Питер Судерман во „Њујорк тајмс“. Тој забележува дека исто како „Animal Crossing“, многу од денешните популарни игри имаат имаат онлајн искуство кое на играчите им овозможува да комуницираат. „Игрите ни нудат облик на личен ескапизам, прилика макар и да стимулирате дека сте на некое друго место, притоа удобно седнати во вашиот кауч“, вели тој.

Некогаш мислевме дека видео игрите ја оневозможуваат вистинската интеракција, а сега дојде момент кога од екранот ни зависи комуникацијата со луѓето. Дури и тогаш кога ја осудувавме доминацијата на технологијата врз нашите животи, почнавме да ги сфаќаме нејзините предности.

„Мислам дека ова ни покажа дека прашањето за тоа колку време се поминува пред екраните било погрешно“, вели Шери Турк, авторка на книгата за болката во општеството предизвикана од опседнатоста со технологијата. „Сега многумина откриваат што сè може да ни овозможи технологијата“.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото