Британските цензори и „Српски филм“

29.11.2010 13:16
Британските цензори и „Српски филм“

Контроверзниот „Српски филм“ стана „најсечениот“ филм во последниве 16 години, соопштува британската комисија за филмска класификација (British Board of Film Classification – BBFC).

Овој мрачен трилер, во кој има вознемирувачки сцени на насилство и секс, скратен е за 4 минути и 11 секунди, а од BBFC велат дека многу ретко ги крати филмовите кои имаат сертификат 18.

„Беа потребни многу повеќе резови за да се исфрлат елементите на сексуално насилство кои имаат тенденција да го еротизираат или оправдаат сексуалното насилство“, изјави претставник на BBFC.

Филмот треба да почне да се прикажува во Британија на 10-ти декември, иако дистрибутерот Revolver Entertainment сè уште не знае во колку кина ќе се прикаже филмот.

„Нашата компанија е решена да ја објави верзијата која е најблиска до оригиналната на режисерот. Компанијата сфаќа дека се работи за бескомпромисен уметнички и политички став, и за уникатна филмографска визија, и му дава целосна поддршка на режисерот“, изјавуваат од претставништвото на Revolver Entertainment.

Сценариото за филмот е на Александар Радивојевиќ, а режијата на Срѓан Спасоевиќ. Радивојевиќ го оправдува филмот, опишувајќи го како „дневник за тоа како нè злоставуваше српската влада“.

Списанието Variety го оценува филмот како добро направен и неверојатно непристоен, додека таблоидот Sun го опишува како „болен“.

Филмскиот критичар Скот Вејнебр пишува: „Мислам дека филмов е трагичен, дека наведува на повраќање, дека е вознемирувачки, изопачен, апсурден, фуриозен и, всушност, доста интелигентен. Му се вохитувам и го презирам истовремено. И никогаш повторно нема да го гледам. Никогаш!“.

Лондонската општина Вестминстер во август годинава одби да даде дозвола за прикажување на овој филм за време на годиинешниов хорор филмски фестивал Frightfest.

Извор: bbc.co.uk

Филмот е тешко срање со

Филмот е тешко срање со приказна, ликови и глума на ниво на порнич (интересно а?).
Продукциски е добро изведен, се гледа дека се акнати јаки пари и добра екипа, ама приказната за симболиката, демек репресивната српска власт која го ебе српскиот народ како стигне треба да си навистина наивен за да ја проголташ. Истиот муабет и за Том и Џери се има вртено. 
Јасно е како бел ден дека целта е да се збори што повеќе на основа на шокантност. 
Банално до даска. 
 

Се согласувам со коментарот

Се согласувам со коментарот на filtra.

Прилично површен коментар, за

Прилично површен коментар, за кој било да се согласи со него.
„Српски филм“ припаѓа на жанрот exploitation movies, значи е далеку од добра продукција, како и кај секој ваков филм (правен е со лични пари на режисерот, оти просто никој не би вложил во ваков филм), но продукцијата можела да биде и полоша.

Сепак, далеку го надминува жанрот и е најдовратното и најболното нешто што некогаш сум го гледала. Кратко и јасно - ова не е филм што сакате да го гледате. Што не е перверзен повик филмот сепак да се гледа. 
Овој е редок, ако не и единствен филм, од стотици или илјадници други, што никогаш нема да го гледам вторпат.

Не ги поместува само границите на табуата, туку на се што подразбираме под цивилизација, иако ни тоа не одговара сосема на описот на одвратноста. 
Од друга страна е храбар филм, па Британциве беа доволно фер да направат се што можат да го пуштат филмот, не заради евентуалната политичка порака, туку затоа што е редок филм што оди толку далеку, но кој би го зел во редовна дистрибуција и зошто?
Може да збориме за политичкото име на филмот, но факт е дека има врска со пост-југо филмовите и целата таа атмосфера на пост-апокалиптична нација, што имала се’, била прва интелектуална сила во регионов, па сепак завршила подготвувајќи терен за геноцид, водела окупациона војна и оркесрирала колења. Режисерот не треба да биде повикан заради името, името има смисла. Не ја покажува политичката траума на општество директно, дури ни метафорично, па сепак на мета-ниво, можел да биде направен само како дел на таа пост-југо (во голем дел, одвратна, иако со некои естетски бисери) филмска продукција.  

Велам, одвратен до неподносливост, не препорачлив за никого, па сепак на свој начин, поместува се што филмот од овој дел на светот направил. Следните два дена, сепак, се мразев себеси што го изгледав до крај. 
Ова е поточен опис за филмот од тоа горе - банално, акнати јаки пари, глума на ниво на порнич, итн. Или имате по 18 години или немате поим од филм, трето нема.

Ubavo objasneto! Tokmu taka.

Ubavo objasneto! Tokmu taka.

Ubavo objasneto! Tokmu taka.

Ubavo objasneto! Tokmu taka.

kako nadovrzuvanje, ocigledno

kako nadovrzuvanje, ocigledno ne ti treba mnogu pamet za da bides HRABAR, i za da napravis hrabar film!

За жал, поради погрешни

За жал, поради погрешни насоки во образованието, секогаш ќе има луѓе кои мислат дека изгледаат попаметни (или повозрасни) ако напишат повеќе.

Јас овој филм го немам

Јас овој филм го немам гледано и нема да го гледам но го сметам за ѓубре какво не смее да се создава и дистрбуира.

Проблемот е многу длабок кога станува збор за филмската индустрија која практично насекаде е во една дебела дебела долга криза веќе 10-20год минимум.
Постои потреба да се создава ѓубре- со што повеќе сензационализам, шокантни идеи, грозота со претекст дека “има јака важна порака која треба да ја сфатиш ако си паметен“ бреее. види богати.

Пасолини веќе има отидено многу далеку во експлоатација на провокација од ваков жанр.. но кај него постои барем една уметничка димензија (која е дискутабилна но сепак)..

Ова ѓубре е дно на дното, секако филмот не е ни за арт фестивали а далеку од комерцијален филм, на крај ќе заврши како култен филм кај разните психопати и растроени личности кои ионака нема да ја бараат пораката во филмов. :)

Би ме интересирало ако може Јасна да подобјасни какво значење за неа има зборот “продукција“..?можеби грешам ама зборот е ептен употребен некако погрешно.

@ filtra: Со целото

@ filtra:

Со целото извинување за лесниот пенал на кој се намести, но:

За жал, поради погрешни насоки во образованието, секогаш ќе има луѓе кои мислат дека изгледаат попаметни (или повозрасни) ако напишат ПОМАЛКУ.

@ Roxx

Здраво!

Со Филтра се’ уште може да се надгласуваме, дури и да не се согласуваме, оти зборуваме - на гледан филм.

За твојот случај само еден, но незгоден совет - гледај го, па дојди и пиши! За жал, друго нема.

Веќе советував, НИКОЈ да не го гледа - ни ти, ни јас, ни филтра, особено ако целта е поен на интернет форум. Каква е оваа добивка?!

Не вреди толку вознемирување, за толку малку ќар, верувај ми!

Лично, го гледав по случајност и почувствував потреба да ја ревидирам рецензијата од горе како непрецизна и површна. Ако имаш импулс да кажеш повеќе, бујрум, гледај го, па кажи.

Мојата дефиниција за продукција: Пари + Дебел продуцент со пура кој со кеш во очи го гледа финалниот производ во затворено студио.

И дава инструкции: ова говедо надвор од секој кадар, крајот да се прилагоди за Флорида, итн.

Ништо што „Српски филм“ би можел да има, оти никој не вложил пари, па да има моќ да одлучува. И клетва и добитна комбинација за самиот филм. Реќжисерот можел да прави што сака. И јебига, направил.

Сите други твои коментари: Пасолини, дебела филмска криза, извини, но во овој контекст, се тек - тропање. Кој вели дека овде нема „уметничка димензија“? И кој ја дефинира таа димензија? За мене, со целата патологија, филмот не е без уметничка „димензија“, но каква полза од тоа? Велам, едно од погадните прашања за релацијата цензура - уметност на почетокот на 21 век. Па кому стига.

Да повторам: ако ти се учествува, симни торент, гледај, дојди, па да размениме сувисло мислење. Тука сме.

Поздрав до сите!

Hi Јасна, Баш се мислев кој

Hi Јасна,

Баш се мислев кој ќе се фати на тоа што јас убаво изјавив како Го немам гледано филмот и нема да го гледам, па глеам Јасна..:) добро.

Е сега Јасна, кажи имаш ти некаков став за snuff филмовите? ги гледаш? имаш став за педофилија? ја практикуваш?
Значи, јас не треба да направам педофилски акт или да убијам некого при сексуален чин.. за да имам изграден став дека Тоа не го одобрувам.

Во “рецензијата“ ти Јасна која ја понуди, јас не видов напишано што е тоа што ти оставило впечаток во филмот, како се изработени карактерите, пораката..
Кај Пасолини на пр. пораката која се пренесува од неговите гнасни филмови е тоа каков човекот евентуално станува во колку достигне одреден степен на моќ и што тоа со себе повлекува.
Овде има ли нешто ?
Се надевам нема да ми дадете одговор дека пораката е “мојата земја србија ме ебеше до даска и се е труло-болно во неа“ зошто ако добро ме информираа во филмот нарачката ЗА снимање на онакви порно филмови стигнува од странство од богаташи од зап.европа.

Во врска со продукцијата..ти си имаш во глава некаков амерички комерцијален модел кој воопшто нема допирна точка со реалноста.. " кога во првиот коментар filtra вели дека “продукциски е добро изведен“ тоа пред сè се однесува на тоа како е изведен филмот од технички аспект, како е направена монтажата, фотографијата, идеите за изведба... значи не личи на некакво филмче во кое пола сцени се снимени со тв камера , грубо сечење сцени, баналност, безидејност..
Во колку филтра не мислел тоа.. или пак Јасна го мислела ова, се извинувам, ете погрешно сум протолкувала. :)

Да, Рохх, баш на тоа мислев.

Да, Рохх, баш на тоа мислев. Дека филмот, иако снимен со малку пари (како што дознаваме од Јасна), сепак на аудио-визуелен план (барем во шок-сцените) не заостанува многу позади неговите богати холивудски „браќа“ од типот на Saw, Hostel итн.

Од друга страна причата - порно глумец во пензија добива понуда за работа од страна на сомнителен лик со многу пари. истовремено, неговиот брат, корумпиран џандар, ја мерка жената му. Незнам што се мачеле, можеле да одат и со класиката: водоинсталатер доаѓа кај младата снашка која ете во тој момент дома пие кафе со две комшики.

Околу тезата како содржината е всушност метафора за српскиот бла бла бла, самиот режисер го има дадено во интервју тоа објаснување така да тоа е тоа. Повторно - наивно и тешко за проголтување (освен ако не си 18 и појма немаш од филм ;)).

Мајсторството и убавината во филмот е суптилно да ја презентираш работата и да ја подгрееш фантазијата на гледачот, а не се да сервираш на тацна. Баш поради експлицитноста филмот воопшто нит ме шокира, нит ме вознемири, се осеќав како да проаѓам покрај излог во кој е изложено некакво фрик-шоу. Пример, многу погрозоморен ми бил 8мм (иако во рамките на холивудската пристојност) пред 15тина години.

Дали да го гледате или не? Ако сте ги истрпеле Антихрист, Неповратно, Пила, Хостел и слични, тогаш без гајле.

(ете се напраив и ја паметен :))

Сме се собрале сите тројца

Сме се собрале сите тројца заинтересирани. Фино. Немам сили, по точки, може?

@ Roxx>

Q: Порака: „Овде има ли нешто“?

A: Нема.

Q: Продукција: „(Има ли) грубо сечење сцени, безидејност, баналност“

A: Првото има. Вторите две зависи од аголот на гледање. За мене, релативно лоша продукција, во услови на немање повеќе пари.

@filtra

Q: „Водоинсталатер доаѓа кај млада снашка“.

A: Сериозно? Сепак Српски филм не е Vivid Entertainment. Не верувам дека си гледал погрешен филм. Претпоставувам кај тебе е самоодбрана. Нека. И јас го направив истото. Само се одбранив со политика, а ти еве со порно. Ист чаршав, друга кафана. На исто сме. Се што врпи функција, врши функција.

Q: „Многу погрозоморен ми бил 8 мм“

A: Се согласувам, класик на жанрот. Не се согласувам за грозоморноста.

Q: „Ако сте го истрпеле Антихрист...“

A: Едвај. Мада можев да гледам. А за овој морав да ја скокнам претпоследната сцена, за да не повратам.

А, со цела почит до соговорниците, за што всушност ние дебатираме?

Filtra, разбирам, не се согласуваме околу рецензијата, мада самоодбранбените механизми ни се тука. Не се согласив со твоите, а ни ти со моите, и се е израмнето.

Roxx, твојата улога не ми е јасна. Мора да гледаш, иначе што па има ја да ти држам бесплатен краток курс од тема, идеја, разработка? Филтра ти даде некои, додуште не баш успешни, спојлери. Ако феноменолошки те дразни, и како култивиран човек сакаш, а имаш стомак да го гледаш, гледај го. И тоа е.

Трето за овој филм, просто нема, па џигер да превртам. Не знам, искрено, дури ни со кој дел да се скарам од вашиве :)

Чао и јебига 4. Убави соништа

filtra, добро , се разбираме

filtra, добро , се разбираме значи.

Јасна, основниот проблем кај тебе е тоа што ги гледаш премногу еднодимензионално работите. Површински до коска.

Во врска со самоодбранбените рефлекси на кои повеќе пати се повикуваш (и кои дури ги сметаш за нормален составен дел од доживувањето на еден филм):
Разговарајќи со еден пријател кој го изгледал Српски филм, особата ми раскажува како ете 2ден после гледање , наоѓа поента во филмот (за трулоста на западот и сл) и расприкажува.. за на крајот каже “знаеш, ми се чини дека барам со сила поенти за да го намалам интезитетот на отров кој ми е пикнат низ филмов“ .

Филмовите како овој се обично силување за мозокот и еден крајно перфиден начин да те труе со некаков нивен личен отпад. Затоа што сакам да го кажам ова, затоа се вклучив во дискусијата. :)

Воопшто не го сфати filtra што кажува и убедена сум дека нема никакви самоодбрана трзаи.. туку прецизно го долувува фактот дека во филмот грозотијата е сервирана на тацна, се е во “прв план“ и ајде публико шокирајте се , повраќајте и барајте длабока поента.

Филмот технички може да е добро изведен и режисерот одлчно да ја извршил работата меѓутоа содржината е измет па така овдека се дискутира сценариото, идејниот текст. Значи, токму да ставиш најјака американска продукција , од содржината не се бега а таа е во случајов огавна и поради неа и не вреди филмов да се дискутира.
Затоа благодарение до сите дистрибутори низ разните земји што не гледаат во изметов нешто што би го понудиле на публика и петка за енглезиве што репнале цензури и слично.
:)

Чаос до сите

ОкоБоли главаВицФото