Нова урбана акција: Носете маски

08.06.2020 11:59
Нова урбана акција: Носете маски

И мостот и грмушките ставиле маски. Утрово граѓаните на Битола ги дочека уште една урбана уметничка акција. 

Насловена „Носете маски“, акцијата е наменета на визуелно експлицитен начин да ги потсети и да ги охрабри граѓаните да користат лична заштитна опрема односно маски за да се заштитат себе си и другите од вирусот Ковид-19, чиешто ширење напредува и сè потешко се контролира.

„Преку оваа акција сакаме на свој активистички начин, преку поставување големи заштитни маски во јавниот простор да укажеме на граѓаните дека мора да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и дека носењето маски е еден од најдобрите начини за тоа“, соопштија активистите.

Маските се поставени на дваесетина места во Битола. Активистите пишуваат дека се надеваат дека на овој начин ќе ја поттикнат културата на носење маски и самозаштита во овие тешки времиња на здравствена криза.