Уметноста на француската кинематографија

08.06.2020 18:18

Подразбира автомобил, разговор на сонце,
Како бисквит скршена судбина,
Средба на маж со туѓа жена,
А потем, со друга жена што пуши на празен стомак.
Исто така, треба да има многу моменти
Од кои пилулата против главоболки
Може да се раствори директно во воздух.
И на крајот, кога секој ќе добие каква-таква шанса,
Го праќаат младичот по вино, а тој
Троши сè на конфети.

Препев: Јулијана Величковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото