Заедничко видео на Христина Иваноска и Луиза Марган создадено за време на пандемијата

10.06.2020 00:14
Заедничко видео на Христина Иваноска и Луиза Марган создадено за време на пандемијата

Во текот на март, програмата за културнаta меморија, во Холандија, под водство на Анастасија Пандиловска и Марјока де Граф била прекината од пандемијата на Ковид-19.

Уметниците од Скопје, Христина Иваноска и од Хрватска Луиза Марган, морале да ја прекинат својата двонеделна резиденција во Амстердам, но сепак не се откажале од своето истражување и создале заедничко видео насловено „Moving In Still Time“.

„Прво се запознавме за време на нашиот двонеделен истражувачки престој во Амстердам во март 2020 година, каде поминавме време делејќи го просторот за живеење и работа. Нашиот престој беше прекинат со ширењето на вирусот Ковид-19, што оневозможи да се заврши нашето планирано истражување, моравме брзо да ја напуштиме резиденцијата и да се вратиме во нашите домови.

За четиринаесет дена, вообичаен период на самоизолација според регулативите против ширењето на пандемијата, се обврзавме да комуницираме секојдневно во духот на интимноста и размената, по примерот на холандските писателки од 16-от век, Катарина Квистиери и Корнелија ван дер Веер, чија работа и врска започнавме да ја истражуваме за време на нашиот престој во Амстердам.

Со тестирањето на важноста на другарството и пријателството во време на вонредна состојба разменувавме е-пошта, формирајќи еден вид дневник на лични пораки напишани како песни или проза придружени со кратки видеа. Одговорите се спонтани гестови поттикнати од потребата да се надмине самоизолацијата и да се создадат посилни врски“, напишаа авторките.Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото