Моменти

10.06.20 01:56

Фридрих Сајденштакер (Friedrich Seidenstücker) својата прва фотографија ја продал на 46-годишна возраст. Дипломиран скулптор, тој никогаш не го изгубил чувството за формата. Неговите фотографии ја прикажуваат атмосферата од секојдневниот живот во Берлин во текот на 1920-тите, 30-тите и 40-тите години и ги фаќаат моментите кога минувачите се случајно грациозни, но почесто се во несмасни или смешни пози.

Благодарение на неговите студии за животните, тој стекнал голем углед кај љубителите на животни и зоолошката градина, а неговите моќни слики на Берлин во урнатини, во Втората светска војна, се скапоцен извор на материјал за историчарите. 

Сликите на Фридрих се симпатични примери за вид на фотографија која се фокусира на тоа да го фати моментот. Тие се ослободени од какво било претерување или екстраваганција и покажуваат чувство за хумор што ретко се среќава кај документарната фотографија. Неговите дела се одликуваат со фундаментален оптимизам, но сепак не ја игнорираат суровоста, сиромаштијата и страдањето што преовладувало во тоа време. По неговата смрт, во декември 1966 година, неговите фотографии биле заборавено, сè до осумдесеттите години на минатиот век, кога беше повторно откриен како уличен фотограф, документарист на секојдневниот живот. 

Извор: dionisopunk.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото