1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Карл Јасперс во својата кратка но антологиска студија „Прашањето на вината“ (напишана 1945) го допира суштинското прашање: дали може да му се суди на колективот?
„Да се обвинува народот во целина како злосторнички е бесмислено оти злосторник може да биде само поединецот. Моралното обвинување исто така смислено не може да се упати спрема ’народот во целина’ бидејќи не постојат никакви карактеристики на народот коишто би ги имал секој поединечен припадник на тој народ.“
Во тој поглед Јасперс е сличен со Примо Леви: „Со векови овој начин на мислење ја разгоруваше омразата меѓу нациите и групите луѓе. За повеќето луѓе за жал природен, овој начин на мислење најбезочно беше употребен токму од националсоцијализмот, кој со својата пропаганда им го всади во главите на луѓето. И тогаш како веќе да немаше луѓе, туку само колектив. Народот како целина не постои.“
Јасперс вели: „Всушност, станува збор за тоа дека мораме да го искажеме болното признание дека сме политички одговорни. Секој Германец ја дели одговорноста пред злосторствата направени во име на германскиот Рајх. Ние колективно ’одговараме’.
Дали нас Германците треба да нè направат одговорни за неделата што Германците ги направија над нас самите или коишто по некое чудо нè заобиколиле? Да - дотолку што дозволивме кај нас да постои еден таков режим. Не - дотолку што многумина од нас со најдлабоки уверувања беа противници на целото тоа зло и не направија ништо поради што себе би морале да си признаат една таква со-вина.“
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Ристо Аврамовски
ЕУ река (74): Европски идентитет
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.