Луѓе се заразуваат и придржувајќи се до мерките, што е потврда дека не може само „народот” да е крив

11.06.2020 11:30
Луѓе се заразуваат и придржувајќи се до мерките, што е потврда дека не може само „народот” да е крив

Сведоштво на еден близок пријател и семејството околу тоа како државата реагира и се однесува, колку навистина ги познава кластерите и колку реално состојбата е под контрола.

Луѓе се заразуваат и придржувајќи се до мерките, што е само потврда дека не може само „народот” да е крив, а најповиканите да се секогаш во право.

Друштво, има и други кластери ок е.

Татко ми качи температура во понеделникот (01.06), следевме протокол, матичен, закажување тест, стасаа да го тестираат во среда и до вечерта добивме резултат (03.06). И покрај тоа што ги следевме сите мерки, седевме дома, носевме маски, држевме растојание, не се собиравме во групи, тестот повторно излезе позитивен. Од тука па натаму станува интересно.

Ни рекоа да чекаме да не побараат од ЦЈЗ за да пратат екипа да ни земат брис од дома. Екипа не се појави, но се јавија следниот ден попладне (04.06), ни земаа податоци како примарни контакти (на мајка ми, мене, сестра ми и зет ми) и ни рекоа да останеме дома и дека ќе дојде екипа во текот на следната недела. Грешка. Зошто? Татко ми е човек во години со историја на проблеми со срце, а планираа да го остават да чека позитивен без преглед и терапија. Среќа имаме познати луѓе медицинари, па по нивни совет отидоа вечерта на инфективно каде и земале брис и на мајка ми (инаку и мајка ми е медицинско лице). После преглед и препишана терапија им кажале дека состојбата може нагло да се влоши после 7от ден (нему му беше 4ти) и им предложиле да го задржат во болница. Чекај малку, од „Седете дома и чекајте екипа на ЦЈЗ“, стигнавме до „Да го задржиме во болница“?!? Ако не отидеа дента, ќе си чекаше уште и не сакам ни да помислам кои би можеле да се последиците.

На мајка ми резултатот од тестот дојде завчера (06.06). И таа е позитивна. Завчера и на сестра ми и зет ми им земаа брис и тоа после не знам колку јавувања и ургенции, а сестра ми е 8ми месец трудна. Вчера и нивните резултати излегоа позитивни. На мене конечно вчера ми се јавија од ЦЈЗ откако по втор пат бев пријавена како примарен контакт и после кратка анкета ми рекоа ако пројавам симптоми да се јавам, во спротивно да седам дома 14 дена од последниот контакт и после сум слободна. Не знам чии се тие секундарни и терцијарни контакти кои се тестираат и спектакуларно се најавуваат, кога јас како примарен контакт од две страни се уште не можам да дојдам на ред да се тестирам?

И за крај уште едно прашање што ме мачи: што е со оние луѓе кои што немаат познат да прашаат или па уште помалку да ургираат некаде?

НАРАВОУЧЕНИЕ: Следете ги мерките, бидете внимателни, пазете на себе и на своите блиски, бидејќи како тргнало ако испаднете позитивни оставени сте сами на себе.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото