Суперносители: Дали некои луѓе го шират вирусот побрзо од другите?

12.06.2020 01:19
Суперносители: Дали некои луѓе го шират вирусот побрзо од другите?

Додека коронавирусот и натаму се шири во светот, научниците се прашуваат: дали некои луѓе се поинфективни од другите?

Се чини дека одговорот на тоа е - да. Изгледа дека постојат „суперносители“, што е широко прифатен термин за луѓе кои заразуваат диспропорционален број други, без разлика дали тоа е последица на генетиката, социјалните навики или едноставно сплет на околности, престој на погрешно место во погрешно време.

Но овие преносители на вирусот, кои се наоѓаат во самото срце на она што се нарекува „настани на суперпренесување“, можат да претставуваат најголема замка на епидемијата, велат истражувачите. Затоа едно од поважните нешта е да се утврдат начините на кои се случуваат суперпренесувањата или да се спречат ситуациите, како што се пренатрупани простории, каде може да се случи тоа.

Подеднакво се важни оние на спротивниот крај од спектарот - луѓето кои се инфицирани, но веројатно нема да ја пренесат заразата понатаму.

Распознавањето на оние кои се повеќе заразни и оние кои се помалку заразни би можело да направи разлика во брзината со која се спречува понатамошна пандемија, вели Џон Зелнер, епидемиолог од Универзитетот Мичиген. Ако инфицираната личност е „суперпреносител“, тогаш следењето на нејзините контакти станува особено важно. Но ако инфицираната личност е сосема спротивното, следењето на контактите е трошење време.

„Проблем е што главно не знаеме кои се тие луѓе“, вели доктор Зелнер.

Д-р Томас Фриден

„Ако сте прва личност во натрупана просторија која се заразила и ако ова е болест која се шири лесно, ќе изгледате како суперпреносител“, наведува таа. „Секој во таа соба можеби би можел да има ист ефект. Вие само сте биле први.“

Но изгледа дека сепак постојат ситуации во кои неколку поединци може да донесат многу неволји. Со Ковид-19, сѐ уште не е извесно дали многу заразните луѓе ги вклучуваат и оние кои немаат никакви симптоми, вели д-р Томас Фриден, поранешен директор во Центарот за контрола и превенција на болести и директор во иницијативата Vital Strategies по име Одлучност да се спасат животи. Тој додава дека настаните на суперпренесување повеќе вклучуваат луѓе со симптоми кои траат, но не се доволно силни да ги заковаат за кревет.

Или, можеби се работи за заразени луѓе кои шират необична количина од вирусот - ова е фактор кој не е баш научно проучен, заради големите варијации во количините на вирусот во аеросолните честички од кашлањето или во вирусот во фекалиите, на пример.

Без разлика за што се работи, мерките за јавно здравје можат да предупредат за големи настани на ширење.

Историјата на медицината изобилува со настани за суперпренесување на паразитски заболувања, туберкулоза, сипаници и други болести.

На пример, Мери Малон, готвачка попозната како „Тифусната Мери“, која им пренела тифусна грозница на повеќе од 50 лица на почетокот од 20 век. А таа не била болна, туку асимптоматска - тивко инфицирана со тифус.

Мери Малон

Суперпренесувањето играше улога и во избивањето на двете епидемии со другите коронавируси, САРС и МЕРС. „Епидемијата со МЕРС-КоВ во Јужна Кореја беше предизвикана од три заразени лица“, напиша Џорџ Гао, виролог од Пекинг.

Еден таков настан се одигра кон крајот на февруари, кога 175 директори на компанијата Биоген се состанаа на конференција во еден хотел во Бостон, најмалку една личност беше заразена.

Две недели подоцна, 75 проценти од 108 жители на Масачусетс кои биле заразени имале некаква врска со Биоген.

На другиот крај на кривата на инфицираноста се наоѓаат заразени луѓе кои изгледа дека воопшто не можат да им ја пренесат болеста на другите.

Најдобар пример за тоа е една двојка од Илиноис. На 23 јануари кога сопругата, која претходно се вратила од Вухан, стана првиот потврден случај на ковид-19 во таа држава. Седум дена подоцна, се зарази и нејзиниот сопруг. Тоа беше првата инфекција од човек на човек во САД.

И мажот и жената имаа тешки симптоми. Двајцата успеаја да закрепнат.

Службените лица ги анкетираа сите нивни контакти - 372 лица. Ниедно лице не беше заразено.

Извор: New York Times/International Report