„Во океанот“ - илустрации на Соња Алинс

13.06.20 11:12

Шпанската илустраторка, Соња Алинс (Sonia Alins) создава евокативни илустрации користејќи комбинација на дводимензионални и тродимензионални елементи. Мазниот проѕирен тул создава визуелен ефект на вода, а сноповите на обоени реси или малите листови личат на дното на океанот.

Женските фигури што пливаат во водата, понекогаш придружени со по некој кит на прв поглед се спокојни, но истовремено исполнети со немир.

„Претпоставувам дека морето е дел од мојата ДНК, бидејќи сум родена во близина на Средоземното море. Водата ми е совршен медиум за комуникација и проширување на емоциите“, вели Алинс. 

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото