Луѓе сме, грешки правите

13.06.2020 21:55
Луѓе сме, грешки правите

 

Таква сум, пола човек, пола човекипол.

 

Пеглам ради еднаквост.

 

Те знам, планино, уште кога беше план.

 

Толку го преувеличив проблемот што го создадов.

 

Наведни се да изгледам ко да сум над ситуацијата.

 

Прекинете да се карате со мене господине, јас сум само автоматска секретарка!

 

Мора да престанете да се вреѓате и да ме оставите мене да го правам тоа.

 

Не постојат глупави прашања, господине. Мојот парамециум ќе ве контактира во врска со поставеното прашање.

 

Толку сум навикната сѐ да е автоматизирано што очекував да ми се отвори човек само зашто му се приближив.

 

Чувства? Не, благодарам.



Луѓе сме, грешки правите.

 

Секогаш оставам простор за можноста да сум грешка - и ништо, така празен си зјае.

 

Не викам дека сите треба да размислувате како мене, туку дека така е правилно.

 

Не ми го поларизирај мислењето, ми се крева косата на главата.

 

Извини, сум задремала од возбуда.

 

Толку возбуден што не ни приметува дека е мртов.



Те молам престани да ми влијаеш на мислењето за тебе.

 


Лизни си го прстот да видиш од каде дувам.

 

Не е проблем што си ти во право, туку што јас не сум.

 

Не можам да сум добра за сите, некој мора и да ме познава.

 

Нели гледаш дека тоа што си во право само те повредува? Дај уживај малце.

 

Уживај, и јас ќе си се качев на глава да можев.

 


Ти мислиш јас сакам ова да го правам?!
*сака*

 

Колажи: Christian Barthold

 

 

ОкоБоли главаВицФото