Curfew song (12)

15.06.2020 12:00
Curfew song (12)

Значи инат ме фати, не еднаш, два пути изгубив цело едно црево чкртки, можда зашо иам нов шупачки компјутер шо не сум му навикнала, отко рикна Мек-от, па сеа у кризава даунгрејдирам. Значи мора да му се укаже почаст на минули рад.

После ептен заебана субота у којашо морав да тркнам до Скопје и назад ради проблеми, па се вратив у Берово за да си вечерам од предивната манџа/stew шо ја напраил Енглезот уз винце, мислев у недела ќе си поспијам. Арно ама од сите места кај шо ујахал Ислам, ја баш у Беровово морав да живеам одма до џамија, односно џамивче, бифшо турскo, па срозано, па сеa обновено за ромска популација у типичен транзициски стил, јефтино и кичерасто, со џуџе од минаренце, ал‘ важно има разглас, кој запичи у пет сабајле со молитва ли, покана ли, не разумем баш, па и деда Бен реши да се придружи со завијање, шо ретко му се дешава. Важно импресивна служба за будење, иако некои овде по дома не го примија баш така позитивно ко мене.

Ал‘ се потсетив на Рабат, Мароко, моето прво странствување, кај шо џамиите за Рамазан или Еид ал Фитр, ко шо го викаат они, не се замараа со снимени песнопојства на талантливи мујезини, додуше и џамиите им се другачии, првобитните уствари, со пирамидални покриви и четвртaсти кули ко минариња, пошо ова кубињава се од Турци кои се одушевиле од Света Софија у Стамбол и се уствари исто толку бизантски баштиници ко и сите ние други балкански рисјански орди, нема везе сеа ова шо се праам учена, можда у обид да фатам врвка меѓу Бизантинците Ќиро и Методи и Рамазанов со кого случајно у исти ден се паднава, поентата беше дека ми текна на крајот на гладовањето за Рамазан или Фитр у Рабат у Казба дез Удајас кој шо поживеавме една годинка у супстандардни услови ради лепотата да се живи зад зидини и порта од 11 век на врх брда изнад океанот и бреговите на реката Бурегрег шо ги дели Рабат и пиратското Сале кај шо и стварниот Робинзон Крусо го скебале, па макар и со струја од само 110 волти, значи приквечер крај на пост џамија означуеше само со пуштање сирена по која следеше кас и галоп по калдрмата, од чии звуци најмилозвучни беа оние на женските дрвени наланчиња, брзо, брзо дома, да се лапнат прво трите урми, па после да се сркне патлиџанската супа со наут, пошкропена со жетварски сноп коријандер до левел укус на сапун, невидено нешо, а ја и сакам коријандер, па тек после по темното да се почне правата гозба.


Ја не ни видов дал некој се точка по џамиски двор у комшилук, пошо ми требаше време да операм судови и изрибам шпорет пред да излезам да го шетнам дедо Бен по реката док други њањају, а и најважното да испазарам довољно алкохол од јединиот дуќан у Берово шо беше отворен: флаша вотка, флаша тоник, кисела и некисела вода, 7 флаши вино, 8 конзерви пиво, некакви сокови и физи сода и две-три Милка чоколатца на попус на каса, за да не испадне дека само флаши купуам. Едвај се дом‘кнав до дома, исто ко коа се товарам на пазар у лето, за да праам џемчиња, сокчиња и остали заебанции, па комшии притрчуат да ти помогнат со влечење, ал‘ овој пут ко малце срам да ме/нè фати од садржајот на торбиве.

Исто ко и тогаш у Рабат коа со Џули од Милвоки, пошо први завршивме со часови у Бритиш Каунсил, па со парите од цел наставен кадар, моравме и ние да се вдадеме у кас за да стасаме да купиме вино у маалскиот дуќан за алкохол кој затвараше у седум, у исти стил ко шо беше и тука коа нè полазија и нагазија оние нашине фолирантски neocons. Ја укаснивме малце и моравме да идеме отпозади кај шо на задња врата уше пола саат се дели алкохол по 50% повисока цена на очајни алкоси, нешо шо у законски мусломанска земља, шо не е дебилна ко Сауди, је ипак харам. Значи ја и Џули, ко Пат и Паташон, ја со 182цм и 50% помалце тежина од сеа, значи ко тојага, а Џули, куса, дебела и жута, се гнетеме и мафтуцакме со парите у рука за да доеме до прилични количини црвено вино (Мароко произведуе и сасвим пристојно црно вино, поред епските количини хашиш) за сите даскалски алкоси после „напорниот“ работен ден.

Една ствар шо сасвим ми одговараше у Мароко беше шо не го разбирав јазикот на рајата, верујте ми дека полесно ми беше така, иако зимавме часови од Саад, јединиот марокански одистински геј шо сум го упознала, а кој се беше ќердосал со Кен Шкотот, лептирмашносаниот кемп глазвиџан, после некои негови не многу пријатни епизоди со рент бојз, кои беа и главната причина зашо у Бритиш Каунсил Рабат имаше диспропорционално голем процент даскали гејови, ал друк пут за тоа. Саад нè учеше на писмен арапски, оној од Куранот, и од новини и за у судови (нешо ко со бифши демотики и катахревуса у Грчка пред да падне диктатурата), а она шо раја бамбуреше по сокаци по Рабат имаше исто толку малку врска со тој учен арапски колку шо Мароко беше далеку од арапската матица, таму на крајот чак и на Магреб, у прегратките на Атлантикот. Нема везе, она шо упамтив до денес е глаголот „имсаха“ илити „бриши“ (табла), „хобс“ за леб, и „шукран“ и „баракалауфик“ како неформално и формално „фала“ респективно, како и тоа дека у арапски има мислам седум разни „х“, кои не можев баш ни да ги разликуем, а не па да ги изговорам, и 28 слова, ал‘ сите се пишуеја различно на почеток, у средина и на крај на збор, па така пута три.


Е, а Џули, која шо беше дошла у Мароко со Мировен корпус, имаше онакво тарзанско познавање на јазикот, кое шо углавном на нејзините сонародници им служеше да идат по забити и да убедуат сељаци да користат четка и паста за зуби, и беше укапирала шо све нè гадат алкосиве зад дуќан и, нормално, се најде тука арогантно амерички и феминистички увреѓена, па почна толку да подрипнуе на врвови од ножни прсти дур им држеше љуто предавање шо ми идеше на ушка да ја качам за да можат боље да ја видат. Ал‘ ипак не го напраив тоа, него по скопски ѝ викам: „Шо ти е ма, кај сме им се увалиле у земља, па уше им се пртљаме у срамотни активности, па сеа уше и ќе им кажуеме вакви сте, онакви сте.“ Ко да не се разбравме баш најбоље, ал у секој случај, продавачот преку ред ни ги ували шесте ќесиња со вински флаши за да му се мафнеме од зад дуќан дур‘ не сме му навеале полиција.

Да де, алкохолов и у Берово секако ќе ми требаше, немаше ни да ми стаса да бевме непослушни ко шо предлагаше зетко, пошо и цела фамилија на тетка ми беше доклепала на Абланица, па ќе праеле скара, па демек ќе ни прогледале полиција кроз прсти, да сме дошле да се збереме, меѓу другото за да си прослаиме и именден на татко ми, крстен по тој побистриот од браќата, иако он и пред да замине у вечните ловишта веќе одбиваше да збира народија по тој повод. Ал‘ пошо сме си одговорни буржујчиња, ипак решивме послушно да си останеме побашка со своите домаќинско дворски занимации, мисли, секирации и реминисценции.

У кои, да бидам искрена, у мој случај, не спаѓаат очекивања дека нешо ќе се напраи на друштвен план, а уше помалце у поглед на реструктурисање на „големата нееднаквост“. Шо знам, дал треба да се нервирам? ко сестра, која шо реши ко одговорно лице за 8 вработени шо не зеле плата 2 месеци у угостителство да конкурира за сите могуќи помоши со сите папири пиц-пец, само за да добие еден шипак од тие поголемите, мислам стварно, сите можат некако да се снајдат да преживеат, освен можда непроцењиво важните wealth creators ко Кочовци, Орцевци и сите оние другине од чие великодушни ручици после све ќе триклдаунуе надоле.
A да бидам искрена и по втор пут, мене најголемиот шок по том питању ми помина у касни девеести коа отидов у Марокото од нашата тогаш ептен тазе транзициска и недотранзитирана домовина кај шо увидов дека просјак е занимање, 70% од жените беа неписмени, 90% од население немаа никакво здравствено осигурање, немаа бесплатно чак ни основно образовање, родители сакатеа деца за полесно да просат, зуб се вадеше на бербер со змиски отров, а често и на Бога му се молеше краљот да каже дека к‘тна била годината за да не мораат сите по дома да кољат овца за Курбан Бајрам или Еид ал Кабир, ко шо си го викаа они, него само краљот симболично да закоље една, тогаш Хасан Други, (илити Френки, ако си странац кој шо сака да го оговара да не се досетат свеприсутните кодошки служби, пошо, демек личеше на Френк Синатра). Можда зашо на мене, ко и на сите бледолики провинцијалци од неколонијален происход, све шо и како праеја и живуеја Мароканци ми беше супер-екстра узбудљиво и егзотично.


Е, таа година, коа ја бев резидентна, не беше к‘тна и сите мораа да кољат. Кај нас у маало, сиротиња почна цел месец претходно да м‘кне слама у дворче со камионетчиња, негде у исто време коа и у супермаркети почнуваа да се рекламираат распродаји на нааа оволики сабљи од ножишта за клањето. Негде една недела пред клањето пристигаа и овците, овновите уствари, кај нивни сој главно мужите го јадат стапот, и мекаа и блекаа по цела ноќ под тоа индиго небо со звезди ко у цртан филм. Дента на клањето бевме договорени и ние да идеме на ждерачина кај една постара дебела колегиница Енглескиња мужена за исти таков дебел Француз сладокусец, со кого идевме на турнеи по Марокото у шопинг, по маслиново масло, на пример, никад нема да го забораам бинлакот со масло цедено од муле у село на врх брда, шо ти го нацрпуат низ голем капак од испод даските под мулето и огромниот камен базен околу кој јадната животиња вртеше цел ден со еден исто толку јаден сељак со најглупото капче у свет. Важно доааѓаат они да не земат од наше егзотично маало да нè носат у нивната приморска населба од француски тип, овците се сите више поклани, крвца тече до шахта на наша улица, а на ќуш еден копиљ више нешо праи со овчиве глави и некаква импровизирана скара, док бесомучно го сликаат крволочни немачки туристи. Ал‘ главното нè чекаше ван портата, у морето кај шо се изливаше канализација од цел град, течеа огромни колични крв, пошо јадницине по згради кољеле у када и сите у исто време.

Никад нема да ја забораам глетката на езерото крв у тиркизно-светло-зелењикавото море шо Енглези го викаат „боја на Нил“ у кое скакаа и излетуваа надвор од вода јата и јата риби полудени од тој нендaеен изблик на храна.

Сличиња од мојот тогашен комшилук и една ствар по име Катамаран на едни ретро-хипстери од Калифорнија, иако Арапиве ни ги дале каравелите, важно е на „к“.

Фотографии: Maciej Dakowicz

 Кон претходните делови

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото