Ој, невесто, наше добро

15.06.2020 16:11

Ој, невесто наше добро,
кога дојде во куќава,
ти на сите прекор тури:
на свекорот - пијаница,
на свекрва - бунџоглава,
на девери - зелникари,
на јатрви - пепелашки,
на золвите - покуќашки,
на дечиња - торбевчиња!
Ој, невесто наше добро,
обѕрни се ти што водиш:
твое момче гргулаво,
гргулаво, мрсулаво!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото