Почина диџеј Ицко - ја загуби битката со коронавирусот

17.06.2020 15:08
Почина диџеј Ицко - ја загуби битката со коронавирусот

Познатиот скопски диџеј Ристо Мелоски (48), познат како диџеј Ицко по неколкудневна борба ја загуби битката со коронавирусот. Долгогодишниот член на радиот „Антена 5“ починал синоќа (16 јуни) на Клиниката за инфективни состојби и фебрилни болести во Скопје.

Диџеј Ицко имаше голем придонес во развојот на електронската музичка сцена во Македонија преку сопствена продукција и преку емисиите на фрекценцијата на Антена 5 радио.

На клупската сцена опстојуваше повеќе од деценија и пол и важеше за синоним на електронската и прогресивна музика во земјава. Мелоски беше сопруг и татко на две деца.