Колку вреди вашиот живот? Владата ја знае цената

18.06.2020 23:18
Колку вреди вашиот живот? Владата ја знае цената

За време на пандемијата некои економисти и здравствени експерти наведуваа дека не треба да се мери рамнотежата помеѓу спасувањето животи и спасувањето на економијата, и дека приоритет треба да биде борбата против коронавирусот, која ќе ја спаси економијата.

Во нормални времиња, компромисите се почести. Ниедно општество не може да потроши неограничена сума.

Во својата книга „Часот на економистите“, Бинјамин Еплбаум од Њујорк Тајмс наведува дека проценките на економската вредност на животот ги обликуваа регулаторните одлуки. Во 1972 година, еден член на тимот на претседателот Ричард Никсон за регулација на автомобилската индустрија, процени дека животот вреди 885 000 долари според денешниот курс.

Две години подоцна, Министерството за сообраќај го отфрли предлог законот според кој на задните делови од камионите мора да бидат инсталирани решетки, за патничките автомобили да не одлетаат под нив во случај на судар. Причина? Цената би била многу поголема од вредноста на животите што би ги спасила. Решетките станаа задолжителни дури во 1998 година кога ова министерство процени дека вредноста на човечкиот живот е околу 2,5 милиони долари.

Една калкулација од 1978 година, која ја направи професорот Ворен Прунела од колеџот Канисиус во Њујорк, процени дека вредноста на животот кој се чува со предложените стандарди за запаливост на материјали е милион долари. Тоа подоцна го усвои Конгресот, кога се усвојуваа нови прописи. Денес, оваа комисија наведува дека вредноста на човечкиот живот е 8,7 милиони долари.

Луѓето ретко забележуваат дека владата ја пресметува исплатливоста. Но потоа истото се појавува и во здравствената заштита и сите се оптоваруваат.

И Светската здравствена организација користи една формула за пресметување. Тие почнуваат така што ќе го поделат бруто домашниот производ на една нација, а потоа ја пресметуваат цената на здравствената заштита. Доколку бруто домашниот производ по глава на жител на една земја, на пример, е 65 000 долари, лекувањето кое чини помалку од 195 000 долари за една година добро здравје е исплатливо.

Една анализа која ја објави надзорниот одбор за фармацевтската индустрија на Австралија покажува дека новите лекови и новите методи на лекување ќе бидат одобрени и ќе влезат во здравственото осигурување доколку нивната цена е под 1,35 пати помала од БДП по глава на жител. Во 2021 година во Полска беше зацртано дека таа граница е трипати поголема од БДП по глава на жител. Во Тајланд долното ниво е 0,8 од БДП.

Британскиот национален институт за здравје и нега ќе препорача државата да го покрива лекувањето доколку тоа чини помалку од 20 000 до 30 000 фунти за секоја продолжена година живот. Овој институт зема предвид и некои други фактори, како што се состојбата и општото здравје на популацијата и достапноста на алтернативните начини на лекување.

Слично на тоа, Институтот за клинички и економски испитувања, приватна и непрофитна организација од САД, ја мери исплатливоста преку низа различни фактори.

Слики: Vicky Ling

Извор: New York Times/International Report