1015 hPa
76 %
10 °C
Скопје - Вто, 19.03.2024 13:59
Откако десет дена без престан работел во болницата „Белвју“ во Њујорк, др. Ричард Левитан, одлучи да ги сподели своите сознанија за Ковид-19. Голем број пациенти му доаѓале со опасно ниско ниво на кислород во крвта, што претставувало голем ризик за тешки компликации и смрт.
А само еден мал апарат што се вика оксиметар на пулсот би можел да го извести пациентот порано да отиде на лекар, вели Левитан. „Кога во болницата одлучувам кого да испратам дома, голем критериум ми е одговорот на прашањата: каков е кислородот, колкав е пулсот. Со топломерот и оксиметарот на пулс, на Американците би можело да им се постави дијагноза, пред да настанат тешки компликации.
Официјалните здравствени власти имаат поделени мислења за тоа дали мерењето на пулсот дома би требало да биде препорака за граѓаните во текот на пандемијата со Ковид-19. Истражувањата за сигурноста дале непотполни резултати.
Оксиметар на пулсот е уред кој изглед како малку поголема штипка, го ставате прстот внатре и во рок од неколку секунди, на малиот екран се појавува нивото на кислород во крвта и пулсот. Повеќето здрави луѓе ќе имаат ниво на кислород помеѓу 95 и 98 отсто. Пациенти со хронични болести ќе имаат пониски вреднсти. А кај лекар треба да се обратите ако на екранот се појави вредност од 92 или пониско. Овој уред ги покажува и отчукувањата на срцето.
Нормалниот пулс во состојба на мирување изнесува помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута, иако спортистите со поголема кардиоваскуларна подготвеност имаат понизок пулс.
Кога ќе го ставите прстот во оксиметарот, тој испраќа светлина на различни светлосни должини низ прстот. Ги погодува хемоглобинот, протеинската молекула која во крвта го пренесува кислородот. Хемоглобинот апсорбира различни количини и бранови должини на светлината во зависност од тоа колку кислород има во него. Вашиот оксиметар на пулс во бројки ќе ви го покаже процентот кој го претставува нивото на заситеност со кислород во крвта.
Едно истражување покажало дека најдобри податоци се добиваат од средниот прст на доминантната рака. Според дуго истражување, тоа бил палецот на доминантната рака.
Кога на др. Ана Мари Чанг, лекарка од ургентното одделение на една болница во Филаделфија, била позитивна на тестот за короновирус, на почетокот на март, лошо се чувствувала, но мислела дека не е ништо страшно, бидејќи нивото на кислород во крвта, цело време ѝ било нормално. Едно утро се почувствувала премногу уморно и сфатила дека нивото на кислород ѝ паднало на 88 отсто.
„Им пратив порака на колегите и им кажав дека изгледа е време да ме примат во болница“, вели таа. Следните четири дена примала кислород.
Сепак, лекарите предупредуваат дека ако овој уред, кој може да помогне при дијагнозата, се користи во домашни услови, може да даде неточни податоци затоа што не се користи правилно. Ако некој добие премногу низок број, можеби треба да го тестира уредот на некој што е здрав за да се утврди дека не се работи на техничка грешка.
Извор: The New York Times