Сто добри причини веднаш да се убијам

19.06.2020 14:38
Сто добри причини веднаш да се убијам

(фрагменти)

1
Тоа е најдобар начин да се уверам дека веќе не сум умрел!

2
Последниот попис веќе нема да важи.

5
Современиците повеќе ќе ме ценат.

9
За да испадне дека мојот хороскоп лаже.

10
За да банкротира мојот психоаналитичар.

12
Тоа е непогрешлив лек против ќелавоста.

15
Нема веќе да бидам толку осамен.

20
За да испаднам добар еколог: поради тоа тревата ќе биде позелена.

30
За овој текст да добие вредност на тестамент.

35
Бидејќи тоа е добар начин да престанам да пушам.

41
За да му припаднам на тивкото мнозинство. На она вистинското.

45
За да останам загатка.

46
За да докажам дека неутронската бомба не ми може ништо.

50
За да заштедам енергија, кафе и шеќер.

69
За да не плаќам данок.

70
За да не плаќам кирија.

83
За дваесеттиот век најпосле да има некаков важен настан со кој може да се пофали.

87
Бидејќи Париз веќе не е она што беше.

90
Бидејќи ме разочара временската прогноза.

98
За да не умрам во болница.

100
Бидејќи имам илјада добри причини да си се налутам себеси поради тоа.

Илустрација: Ролан Топор, Пиу-пиу, (1974)
Избор: Трајан Трајановски

ОкоБоли главаВицФото