Што е рецепт за углед во општеството?

20.06.2020 13:09
Што е рецепт за углед во општеството?

Никој не ги сака лажговците и измамниците, оние коишто се зли и лукави, а особено ако на тој начин се здобиваат со лична корист. Тоа е јасно и без никакви научни истражувања. Научниците од Универзитетот Тексас во Остин, во една понова студија го потврдија она што би требало да биде добра вест за сите оние што никогаш не сакале да бидат превртливи за да успеат во кариерата и животот. Според студијата, искреноста, љубезноста, великодушноста и хуморот се високо ценети и го поттикнуваат напредувањето во општество.

А тие што покрај овие особини се уште и интелигентни, коишто не се плашат од напорна работа и имаат широк спектар на знаења, можат да бидат сигурни дека ќе бидат признаени во своето опкружување. Ова важи како во Русија, така и во Еритреја или САД.

Глобало признаено, универзално вредно

„Од Рим до Романија, до локалното население на островот Гуам, луѓето во очите на другите луѓе од нивното опкружување се делат според интелигенцијата, храброста и лидерските способности“, вели Патрик Дурки, коавтор на студијата објавена во списанието „Journal of Personality and Social Psychology“.

Научниците предводени од еволуцискиот психолог Дејвид Бас, испитале 2.751 личност од 14 држави и така ги идентификувале универзалните својства кои можат да му дадат одлучувачки поттик на општествениот статус.

„Луѓето живеат во општествени структури во кои релативниот ранг е важен речиси за сè: за пристап кон ресурси, нивната способност да пронјадат партнер, па дури и за тоа колку долго ќе живеат. Имотот стекнат на штета на други луѓе негативно влијае на социјалниот статус без оглед дали живеете во Русија или Америка“, вели Дејвид Бас. А тоа се однесува и на начинот на кој се однесуваме и кон сексот.

Половите разлики во сексуалното однесување

Според резултатите на ова истражување, сексуалните односи во кои често го менувате партнерот го намалуваат угледот во општеството. Значи, кој ги менува сексуалните партнери како долна облека,никако нема да биде признаен и почитуван. Тоа се однесува на мажите, но уште повеќе на жените.

Наспроти тоа, општествениот поредок ќе биде корисен за на двата пола ако се одлучат за цврсто и догогодишно партнерство. Според логиката, тука жените имаат поголема корист. Мажите и жените уживаат голема почит кога се верни.

Покрај тие својства кои се универзално прифатени како својства за подобрување на статусот, истражувачите ги утврдиле и разликите во културата. На пример, хуморот е огромна предност во Полска, додека во Кина, Јужна Кореја и Јапонија, луѓето не го сакаат, но се смета дека е од средно значење на нивниот општествен статус. Во Еритреја на хуморот му се дава уште помала важност.

Ако, според наводите од ова истражување, пријателството се исплатува, а искреноста најдолго трае, зошто тогаш е вкоренето мислењето дека успеваат првенствено арогантни егоисти? Дека великодушноста се злоупотребува но не се почитува? Мпжебизатоа што има доволно примери кои сугерираат дека до углед и успех може да се стигне само со максимална бескрупулозност. Останува само прашањето во која мера успехот може да се изедначи со љубовта и почитта.

 Слики: Matt Lorentzen

Извор: Дојче веле на српски јазик

ОкоБоли главаВицФото