Заедничко лижење лажица - хрватски перформанс во време на коронавирус

21.06.2020 14:51
Заедничко лижење лажица - хрватски перформанс во време на коронавирус

 
„Разменувањето плунка“, во љубовниот и/или во сексуалниот чин, е најинтимната интеракција со најблиската личност. Таа интимност, перформерот и концептуален уметник Синиша Лабровиќ во својот најнов контроверзен перформанс ја претвори во јавен чин, и тоа во време кога најдистанцираниот контакт со други луѓе секаде низ светот се претвора во високоризична активност.

Во перформансот „Заедничка лажица“, во Музејот на современа уметност во Истра на 19 јуни, една норвешка дрвена лажица, по идејниот творец на перформансот, ја лижат доброволно уште петнаесетина волонтери – во двата правца, натаму и наваму, „секој со секого“, пред публика од околу 150 луѓе во деновите пред очекуваниот втор бран пандемија на коронавирусот.  

Дури и полнолетните волонтери да одбиеја да ја лижат лажицата, што како можност и право им е кажано пред настанот, успехот на перформансот беше загарантиран. Провокација, шок, можно гадење, хумор, апсурд, политички слоеви на перформансот, од испитување на (само)контрола, подложност на авторитет (во овој случај на уметникот па и на „семоќното око“ на публиката) до драстично исмевање со серизноста на короната и опасните обиди на нарушување на човековите права и политички слободи преку планетарно здравствено постројување - широк е распонот на можни толкувања на Лабровиќевиот перформанс.

Сите ја лижеа лажицата, а една личност низ маска. Лабровиќ во уводот ги замолил луѓете да се наредат во облик на обратна латинична буква „U“, но без, како што рече, ушиња, јасно алудирајќи на домашната политичка патологија односно усташтвото на кое владејачката десна политичка елита предолго му се додворува.

Два часа пред перформансот и отворањето на изложбата во МСУИ, кустоската на изложбата, уметницата и философина Марина Гржиниќ, во едночасовниот разговор со Синиша Лабровиќ го претстви делувањето на овој уметник.

Вниманието е светската културна и медиумска јавност Лабровиќ го привлече во 2005 година, со мултимедијалниот уметнички проект Stado.org, во кој овци беа учесници на реалити шоу, привлекувајќи го тогаш медиумското внимание на Reuters, BBC, New York Post, Guardian, Times, NBC, ABC…

Со пулската група настапи на биеналето во Венеција, а откако во родниот Сињ на Денот на антифашистичката борба во 2000, на тамошната скулптура, ги завиваше раните на партизанките и ранениците, црквата му се заканила дека, и покрај тоа што е дипломиран професор по хрватски јазик и книжевност, никогаш нема да добие работа како учител. Тоа и се остварило, поради што Лабровиќ на крајот трајно ја напуштил Хрватска и отишол во Берлин, каде денес живее и работи.

Извор: glasistre.hr