Посткоронарен раст на јаглеродниот диоксид

21.06.2020 23:45
Посткоронарен раст на јаглеродниот диоксид

По попуштањето на епидемиолошките мерки, повторно почнаа да растат емисиите на јаглерод диоксидот (CO2). Како причина за тоа се смета патниот сообраќај кој повторно се зголеми со нормализацијата на секојдневието, зашто заради постоечките опасности граѓаните го избегнуваат јавниот превоз. Научниците и активистите се плашат дека повеќемесечниот пад на емисиите сега за многу краток период ќе се компензира и ќе се зголеми уште повеќе. Иако падот на емисиите за време на карантинот во различни подрачја изнесуваше и до 25 проценти, со нормализација и компензација на сообраќајот кои ќе бараат зголемена активност, на годишно ниво тоа би можело да значи само 7 проценти помал годишен просек. Моменталното намалување (пред закрепнувањето на економијата во полн опсег) односно намалувањето на емисиите за оваа година, засега изнесува 17 проценти, што во годишниот просек споредено со минатата година е намалување од само 5 проценти во однос на 2019 година.

Проблемот е повеќекратен. Емисиите многу побрзо се враќаат во предепидемиската „нормала“ отколку што се сметаше, зашто за тоа придонесува фактот дека глобалното затоплување сега има свои правилности и ќе продолжи да се зголемува независно од нашите обиди. Но, тоа не значи дека треба да се откажеме од промените, туку дека мораме да се потрудиме повеќе. Тоа значи дека сега мора да бидеме свесни дека уште порадикално треба да им пристапиме на климатските промени зашто ако, на пример, ги редуцираме емисиите од сообраќајот во целост, Земјата и натаму ќе се загрева, но побавно од сега. Трудот не е залуден, но е сизифовски. Но, треба да се има предвид дека тука не станува збор за животите на живите поединци, туку за иднината на целата планета.

Активистите и научниците најмногу ги загрижува laissez faire однесувањето на државата, на пример подготвеноста на хрватската влада која претседаваше со Европската унија во првата половина од 2020 година - да им попушти на авиокомпаниите, да попушти во однос на редуцирањето на климатските барања кон компаниите. Колку и да е нужно да се заштитат работниците, па затоа може да се чини дека хрватската влада немаше многу опции туку да им попушти на авиокомпаниите, епидемијата јасно покажа дека климатските промени немаат ништо антропоморфно во себе, па така ни слична психолошка дубиоза, и дека во подеднаква мера ги косат и луѓето и профитите. Хрватската влада ни овој пат не ја согледа оваа комплексност, туку постапи по линија на помал отпор и се предаде. И навистина, враќањето во нормала, во небо преполне со авиони, во патишта преполни со автомобили и ПМ10 честички, „би било тотална катастрофа“, како што рече еден од авторите на студијата со која се заминаваме тука. Но, во Европа, загадувањето на воздухот не се обнови толку брзо како емисиите на јаглеродниот диоксид, велат проценките на службата за надзор на атмосферата Коперник, која утврди дека очекуваното зголемување на загадувачите, како што се кислородните оксиди и честички, сѐ уште не е забележано. Меѓутоа, тоа би можело да биде последица на многу фактори, вклучувајќи ги и временските прилики.

Накратко, емисиите на издувните гасови од стаклената градина во моментов се дваесетина проценти пониски отколку што беа минатата година. До крајот на годината таа разлика значително ќе се намали и ќе изнесува вкупно 7 проценти, и тоа само ако сепак ги контролираме емисиите од сообраќајот, зашто научниците се плашат од зголемена употреба на автомобилите за да се избегне јавниот превоз во вториот бран на короната, ако економијата веќе не може да се „затвори“. Сега и економистите како оние од London School of Economics бараат закрепнувањето на економијата од коронавирусот задолжително да се поврзе со климатските цели. Тие исто така истакнуваат дека просторот за промени е отворен до крајот на годинава. А потоа, ако не успееме, навистина следи конечен почеток на крајот на животот каков што го познаваме. Значи сега, во 2020 година дојде време кога санацијата на климата мора да има предност над сѐ останато: над политичките, економските и социјалните приоритети. Сепак, тоа не значи дека треба да се согласиме со што било или со сѐ што нудат владите. Токму спротивното, ова е прилика климатските цели да се спроведат преку политичките, економските и социјалните и заедно да се насочат во борбата против понатамошна екстракција на профит од нашата експлоатација.

Слики: Alexis Rockman

Извор: https://www.bilten.org