1030 hPa
69 %

1 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 08:59
Вечерва, на 22.06.20, настап на младиот пијанист Милан Дучевски.
Првиот соло настап на младиот пијанист Милан Дучевски, во Пиjано Центар-от при Националната Опера и Балет, ќе се емитува на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на приватното училиште Пијано Арт на 22 јуни 2020, во 20.00 часот.
Повелете линкови:
Промотивно видео - најава за концертот
Премиера на Facebook
Премиера на YouTube
Програмата ги вклучува следните дела:
Ј. С. Бах – Трогласна инвенција бр.15
Л. ван Бетовен – Пијано соната Oп.10 бр.1
Ф. Лист – Eтида Oп.1 бр.4
А. Хачатурјан – Токата
…
Ф. Шопен - Валцер Oп. 64 бр. 1
Т. Зографски - Минијатури, бр. 2 и 3
С. Рахмањинов - Прелудиум Oп. 3 бр. 2
…
Ф. Шопен - Ноктурно Оп. 9 бр. 2
Милан Дучевски е роден на 15.08.2005 во Скопје. Своето музичко образование го започнува во Пијано Форте, по што продолжува во приватното музичко училиште Пијано Арт во Скопје, во класата на проф Маја Стојановиќ. Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди. Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Милан учествуваше на меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј„ со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.