Нова каста недопирливи: Откако ќе го победиш вирусот – сите бегаат од тебе

23.06.2020 10:47
Нова каста недопирливи: Откако ќе го победиш вирусот – сите бегаат од тебе

Денот кога Елизабет Мартучи и нејзиниот единаесетгодишен син и официјално биле прогласени здрави, излегле од својата куќа во јужниот дел на Њу Џерси носејќи креда. На тротоарат пред куќата напишале порака:

„Ние преживеавме Ковид“

„Сакав на сите да им кажам дека ја имав таа болест и дека сега сум добро. За да знаат луѓето дека тоа не е некаква смртна казна“, раскажува Мартучи.

Купила и маици на кои имало натпис „Преживеани од Ковид-19“, претпоставувајќи дека некои од нејзините соседи во малата уличка во која живеат, би можеле да се чувствуваат малку непријатно.

Но, Елизабет наскоро сфатила колку го потценила немирот и стравот со кој се соочуваат и таа и нејзиниот син Маркус. Повеќе од еден месец откако оздравеле, некои соседи видливо ги избегнувале. Некои буквално бегале со трчање кога ќе ги виделе.

Луѓето кои го преживеале вирусот излегуваат од болниците или од домашниот карантин и се среќаваат со свет кој не е премногу подготвен да ги дочека со раширени раце.

Здравствените експерти и епидемиолозите се согласуваат дека пациентите кои сосема оздравеле од инфекцијата со коронавирус, веќе не претставуваат ризик, ниту пак можат да заразат други луѓе. Но, некои што ја преживеале болеста и понатаму се соочуваат со стигма.

Тука е ветеринарот кој одбил да помогне на кучето чијашто сопственичка била во болница. Тика е градинарот кој не сакал да ја поткастри живата ограда во дворот на човек кој се го преживеал и се опоравил од коронавирусот. Тука се соседите кои на прагот на влезната врата донеле супа, но напишале да не има се враќа чинијата.

„Длабоко во себе претчувствував дека луѓето ќе се плашат од мене зашто сум го имала тој вирус“, вели Мартучи (41). Таа се потсетува како еден сосоед се сопнал од тротоарот безглаво бегајќи кога ги забележал нејзиниот син и неа како му се приближуваат, возејќи велосипеди.

„Но не мислев дека ќе бидам презрена“, вели оваа жена која работи со недвижнини. „Те гледаат како зараза, а не како преживеан“.

Затоа и ги фрлила маиците со натпис дека го преживеале вирусот.

Некои од преживеаните не мислеле дека ќе ги следи стигма. А таа особено боли зашто во светот се говори за тоа дека отворањето на економијата, всушност, најмногу зависи од тоа колку брзо, луѓето што имаат развиено антитела, се подготвени да се вратат на работа. Притоа, тие би требало да донираат крвна плазма за експерименталните тестирања.

Постои таа дихотомија, помеѓу чувството дека треба да се пријавите и да дадете своја плазма и спасите нечиј живот, и чувството дека сте во некаква каста на недопирливи“, вели новинарката Шери Крафт, која го следи здравството во Ферфилд, Конектикат и која пишува за својата борба со Ковид-19 и физичките и менталните последици за нејзиното здравје.

„Ние сме како некои избрани. Можеме да се вратиме во општеството, да донираме плазма, имаме голема вредност. Но за луѓето кои се плашат од заразата, ние сме како изгнаници“, вели таа.

Марк Левин, член на градското собрание на Њујорк, првите симптоми на вирусот ги почувствувал кон крајот на март. Се затворил во својот дом, сè додека сосема не оздравел. Неколку недели подоцна, многу се зачудил кога вработениот во локалната пералница преплашено се повлекол штом Марк влегол таму.

Во Линденхурст, педесетина километри источно од Менхетн, Флора Тулупис (60) ја видела и добрината и претпазливоста на еден сосед. Откако била брутално погодена од вирусот – имала воспаление на белите дробови и проблеми со вените, нејзиниот прв сосед ѝ оставил супа на прагот пред вратата од куќата.

Но, кога му пратила порака за да го праша кога да му го врати садот, ѝ било одговорено да го фрли во отпад.

Саманта Хофенберг, која живее во Менхетн, вели дека разбира зошто нејзиното родено семејство ја избегнувало речиси два месеци откако ја победила болеста: нејзиниот татко во април починал од вирусот, кој го добил во болница. Сето тоа е голема траума, вели таа.

Саманта Хофенберг

А откако и таа се заразила, прифатила дека треба да се држи подалеку од најблиските, дури и по заздравувањето.

Но, на 23 април избил пожар во нејзината зграда. Ја однеле во болница заради вдишаниот чад и нападите на паника. Социјалниот работник од болницата го викнал нејзиното семејство за да им каже дека таа нема вирус и дека сака да ги види. Тие одбиле да дојдат.

„Никогаш претходно не сум била во толку лоша состојба како тогаш“, вели Саманта. „Моето семејство беше толку преплашено од мене што не сакаа да сфатат колку сум осамена“.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото