1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:59
Семејните забави уште и се фотографираат, а замислете колку од нив не се обелоденуваат. Тоа е страшно. Тоа што си го правиме самите на себе е самоубиство. Власта треба да изнајде механизми, правно да може да влегува во куќите и становите и да почне да ги разбива овие собирања што масовно придонесуваат бројот на новозаразени да е екстремно висок.
Треба законски да се изнајде можност овие собирања да се спречат, а тие што се собираат треба да се однесат веднаш во државен карантин две недели. Како што се собрани, топтан, веднаш да се однесат во државен карантин и самите за тоа да платат. Тоа е еден ден работа, ако сакаме да го направиме законски.
Никола Пановски, лекар; Плус инфо, 22.06.20.