Неопходна песна

24.06.2020 15:41

Ми треба тишина за да се родам.
Не ми треба пат за да си одам.
Не ми требаат раце за да можам да дишам.
Не ми треба јаже околу вратот за да можам да се нишам.
Не ми треба клатно,
ниту часовник.
За портрет, не ми треба платно,
ниту лик.
Ми треба ли твојот вик?
Тореадорот му треба на својот бик,
како и црвената боја.
Ми треба ли земја за да стојам?
Не ми треба земја, за да постојам.
Не ми треба поезија,
ми треба да бројам.
За револуција, не ми треба револвер.
За да ја заслужиш убавината,
треба да бидеш ѕвер.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото