Брзина на постоењето: писма до младиот читател

25.06.2020 14:13
Брзина на постоењето: писма до младиот читател

Книгите нѐ будат од зачмаеноста на плиткиот живот. Книгите се потпора за преживување во нехумани времиња, градбени единици на одговорното граѓанство, ковчежиња на човековиот дух. Она што го читаме влијае не само врз она во што ќе израснеме, туку и како.

„Брзина на постоењето: писма до младиот читател“ е колекција на оригинални писма упатени до децата кои раскажуваат зошто читаме и што претставуваат книгите за човековиот дух.

Уредница на книгата е Мариа Попова, уредницата на книжевниот портал Brain Pickings, а свои прилози во книгата даваат 121 значајни автор(к)и од светот: Џејн Гудал, Јо-Јо Ма, Џеклин Вудсон, Урсула К. Ле Гвин, Мери Оливер, Нил Гејман, Ален де Ботон, Аманда Палмер, Дејвид Бирн, Ричард Бренсон и многу други успешни и великодушни уметници, научници, философи, претприемачи, музичари и авантуристи чии карактери биле обликувани во живот исполнет со читање.

Секое писмо е придружено со оригинална илустрација која е еден вид одговор на текстот. Дел од вклучените илустратори се Софи Блекал, Оливер Џефриз, Изабел Арсено, Оливие Талек, Кристијан Робинсон, Арт Спигелман и други.

Илустрација на Андреа Дежо за писмото од Ен Ламот

Писмото од Ен Ламот до младиот читател:


„Еј, здраво,

Навистина сакам да ме ислушаш, бидејќи мислам дека е вистина. Добро? Ќе пробам да бидам брза.

Ако обожаваш да читаш, или ако научиш да го сакаш читањето, ќе имаш чудесен живот. Животот секогаш ќе биде полн со потешкотии, притисок, и неверојатно досадни луѓе, но книгите ќе му дадат вредност на сето тоа. Во книгите ќе ја пронајдеш својата ѕвезда-Северница, и ќе се пронајдеш себе, а токму тоа е причината зошто си тука.

Книгите се хартиени бродови, кон сите светови, кон стар Египет, вселената, вечноста, кон детството на твојот омилен музичар, и – најскапоценото, воодушевувачко патување од сите – во твоето сопствено срце, твоето семејство, твоето минати и иднина и тело.

Од овие сплескани речиси дводимензионални хартиени кути ќе изникнат планини, лавови, концерти, галаксии, херои. Ќе запознаеш луѓе кои минале низ сешто но не биле уништени, кои се издигнале и ќе те понесат со себе. Книжевните приказни и приказните се лек, гипс за скршени животи и срца, завој за ослабениот дух. А при читањето, ќе се смееш посилно од што некогаш си мислел дека можеш, и тоа ќе биде магично, божествено и спасително. Ти ветувам.

Важи? Договорено?

Со љубов,

Ен Ламот“


Илустрација на Лара Хорторн за писмото од Џеклин Вудсон


Илустрација на Изабел Арсено за писмото од Жаклин Новограц


Илустрација на Беатриче Алемања за писното од Адам Гопник


Илустрација на Владимир Радунски за писмото од Ен Печет

Илустрација на Мариан Дубук за писмото од Елизабет Гилберт

Илустрација од браќата Хилтс за писмото од Давид Делгадо

Илустрација на Лиа Халоран за писмото од Марина Абраовиќ

Илустрација на Офра Амит за писмото од Маја Фаје Летем

Илустрација на Феличита Сала за писмото од Дејвид Вајт

Илустрација на Брајан Реа за писмото од Крис Андерсон

Илустрација на Оливер Џеферс за писмото од Холанд Тејлор

Илустрација на Маира Калман за писмото од Пол Холденграбер

Илустрација од Виолета Лопиз за писмото од Лусиен Валковиц

Илустрација на Софи Блекал за писмото од Нил Гејман

Извор: Brain Pickings

ОкоБоли главаВицФото