Најлудите алтернативни стрипови за коронавирусот

26.06.2020 14:28
Најлудите алтернативни стрипови за коронавирусот

Во Хрватска е објавено е специјално издание на стрипови и илустрации на тема коронавирус, како дел од „Комиказа“, меѓународно издание на стрипови, предводено од хрватската авторка на стрипови, Ивана Арманини. „Комиказа“ излегува онлајн, а неколку пати годишно и во печатена форма.

Арманини истакнува дека во овој број, меѓу другите, се истакнуваат француските автори, „генерално, француската сцена е една од најдобрите во моментот во областа на алтернативните стрипови“.

Еден од француските автори е Иван Гијо ака Сампермен, автор на стрипови и колаж мајстор кој ќе каже за себе дека „започнал да објавува стрипови во бројни фанзани во раните 90-ти и никогаш не запрел“.

Ивана Арманини ја посочува и соработката со Габриел Фаулер кој е сопственик на култната книжарница за стрипови во Њујорк, „Brooklyn Desert Island Comic“.

Станува збор за книжарница за која пишувале водечките американски медиуми, вклучувајќи го и „Њујорк Тајмс, кој ја нарекол исклучително важна панк рок книжарница.

Книжарницата се фокусира на независни стрип автори. Арманини вели: „Габриел Фаулер го започна проектот „Rescue Party“, кој го објави и на Инстаграм. Многумина од нас учествувавме во неговата кампања, која повикуваше на заедничка работа, односно да испраќаме дела на тема короновирус.

Извор: Jutarnji list

ОкоБоли главаВицФото