Почина археологот Иван Микулчиќ

26.06.2020 22:13
Почина археологот Иван Микулчиќ

Замина Иван Микулчиќ, великанот на македонската археологија (25. 03. 1936 - 26. 06. 2020)

Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј,

Господарот на вербалната едукативна визуелизација на минатото, предводникот на теренските археолошки истражувања на Македонија од втората половина на 20. век

Истражувачот кој ја задолжи македонската, балканската и светската археологија со своите капитални студии за Пелагонија во светлината на археолошките наоди, Скопје со околните тврдини, Античките градови во Македонија, Средновековните градови во Македонија, Spatantike und fruhbuzanitnische Befestigungen in Nord Makedonien, студиите за Стоби, Хераклеја, античките градови по Брегалница и уште многу илјадници страници посветени на протоисториската, античката и средновековната цивилизација на Македонија.

Патеката што ја започнав со професорот Иван, во далечната 1975 година, беше и сеуште е вистинската. Навистина беше тесна, трнлива, макотрпна. На тоа не поучуваше и никогаш не отстапи.

Лишен од нормалната теренска опрема, каква што заслужуваат врвните истажувачи, со својата лека кола до Двориште, марширавме на Клепа и до стотици древни градови и тврдини низ Македонија

Неговото дело е џиновско. Ќе рече некој, само обичен човек, но тој беше првиот вистински археолошки стратег во Република Македонија, во проучувањето на древните цивилизации на почвата на Македонија.
Во основа, Иван Микулчиќ, како што и самиот рече пред неколку децении во една едукативна пригода, никогаш нема да почине.

Неговото грандиозно дело за векови ќе го одржува на оваа сончева светлина сеќавањето и името на Мисионерот, Визионерот, Професорот Иван Микулчиќ.

 Извор