„Дејвид сонувачот“ - необична книга за деца

27.06.20 10:37

„Земјата е тешка и непроѕирна без сништа“, напишала Анаис Нин во својот дневник, пред нашите ноќни фантазии да станат предмет на науката, со објавувањето на книгата на Сигмунд Фројд, „Толкување на сништата“, во 1900 година. Во оваа книга славниот психоаналитичар напишал дека „толкувањето на сништата е кралски пат кон спознавањето на несвесните активности на умот“.

Две децении подоцна хумористот, есеист и писател на детска поезија, Ралф Бергенгрен (Ralph Bergengren) ја напишал книгата „Дејвид сонувачот: книга на сништа“.

Оваа необична и суптилна книга за деца од 1922 година и денес е интересна и поради впечатливите илустрации на австрискиот уметник и писател Том Саидман - Фројд (Tom Seidmann-Freud), кој првично бил женско - ексцентричната внука на Фројд, Марта, која на 15-годишна возраст почнала да носи машка облека и си го променила името во Том.

Тој/таа, Марта/Том, бил/а исклучително талентиран/а и станал/а визионер на германското движење „Арт нуво“, пред да изврши самоубиство, на возраст од 37 години.

Во оваа необична филозофска книга за деца, илустрациите додаваат нова димензија на приказната за едно андрогино момче кое сонува за третиот роденден на неговото куче, особено интересен избор со оглед на роднинската врска со Фројд, кој се смета за основач на современата психологија на соновите.

„Дејвид сонувачот“ е книга каква што денес не можете да најдете, малку мрачна според сензибилитетот, експериментална, со корици од ткаенина, за деца но и за возрасни - вид на книга за која денешните издавачи немаат интерес ниту храброст да објават. 

Извор: brainpickings.org

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото