Градина за социјална дистанца

30.06.2020 10:48
Градините во време на социјална дистанца

Кога пандемијата стигна до градот Елблаг, на северот на Полска, што беше причина за затворањето на градскиот музеј за современа уметност, директорката Адријана Котинска, архитект, осмисли иновативно решение за безбедно привлекување посетители во градината на музејот, кој е јавен простор. Таа го претвори обрасниот тревник во зелена шаховска табла, косејќи ја тревата во форма погодна за индивидуални зони на социјална дистанца.

Музејот е изграден на место што некогаш било готска доминиканска црква со голем двор и градина. Галеријата честопати го користи својот простран тревник за култрни настани на отворено, како што се концерти, претстави, изложби и обични состаноци или само како место за да се релаксираат посетителите.

Додека се ширеше пандемијата, овој полски град беше погоден и од сериозна суша. За да заштедат вода, во градината на музејот престанале да го косат тревникот. Неискосената трева одржува влага, спречува ерозија на почвата, ја намалува температурата, произведува кислород и апсорбира јаглерод диоксид, истовремено овозможувајќи биолошка разновидност.

„Високата трева им помага на малите суштества - пчелите и мали глодари да се хранат и да се кријат“, вели Котинска и „за среќа забележуваме и многу диви цвеќиња.“

Концептот произлегол од желбата на тимот да оствари две работи: безбедно да ги одржува своите настани и тоа да биде еколошки. При дизајнирањето на градината, Котинска и нејзините колеги како мерка ја зеле големината на стандардно пикник - ќебе, а потоа ги прилагодиле димензиите на просторот според упатствата за социјално растојание на јавни места. 

Извор: urbangardensweb.com

Слични содржини

Јавни простори / Европа / Екологија / Живот
Јавни простори
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото