Јапонците направија „паметна“ заштитна маска за лице

30.06.2020 12:30
Јапонците направија „паметна“ заштитна маска за лице

Јапонската компанија „Donut Robotics“ дизајнираше модерна заштитна маска која освен што штити, ја олеснува комуникацијата. Заштитната маска C-Mask се става преку маската за еднократна или повеќекратна употреба, во себе содржи микрофон и во комбинација со паметен телефон ја олеснува комуникацијата додека истовремено се одржува безбедното растојание меѓу соговорниците.

Имено, микрофонот кој се наоѓа во маската го прима тоа што го зборувате, го испраќа преку Bluetooth до паметен телефон и со помош на алгоритам за препознавање на говор го претвора говорот во текст кој го гледате на екранот на паметниот телефон или пак, едноставно го пренесува гласот преку звучникот на телефонот за да соговорникот може појасно да слушне што зборувате.

Освен тоа, апликацијата која оди со маската има можност за превод на осум светски јазици. Во „Donut Robotics“ имаат големи планови за надградба на маската и додавање нови опции, но засега имаат отворена страница за преднарачка. Цената на една ваква маска во Јапонија изнесува околу 35 долари, а компанијата планира да ги продава маските во целиот свет, но уште не е познато кога.

 Извор: forbes.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото