1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:59
Пред себе имам тажна главичка. Млада измачена главичка пред себе. Имам. Мазна тркалезна главичка. Сосема измачена. Пред себе имам полумрак и мала беспомошна глава. На глас велам: Пупка.И со скалпел ја засечувам белата главичка пред себе, по сета должина, внимателно, полека, за да ѝ помогнам да расцути. Расцути. Веќе се чу извесна експлозија, од напнатоста на слепените латици. Веќе се слушаше и ослободувањето на прашниците. Во воздухот веќе шикаше млаз на раносозреани мириси. Веќе сите тие сакаа надвор.
Превод: Славе Ѓорѓо Димоски