Пинокио - поинаква приказна

01.07.20 14:14

Во зачудувачки убавата и трогателна илустрирана книга насловена „Пинокио: приказната за потеклото“ (Pinocchio: The Origin Story), италијанскиот илустратор и аниматор, Алесандро Сана (Alessandro Sanna) замислува алтернативна верзија на познатата приказна. Без зборови ја раскажува бајката за дрвото од кое настанал Пинокио што зрачи со космогонија на животот, смртта и трансцедентниот континуитет меѓу нив.

Оваа книга, според критичарката Марија Попова, всушност е лирско славење на митот и претставува отелотворување на мислењето на Маргарет Мид за важноста на поетската вистина во ерата на фактите.

Приказната започнува со кометата што се спушта на земјата и со себе носи семе на животот. Од него расте дрво. Молњата го погодува, одвојувајќи мала гранка која оживува и почнува да се движи по земјата.

Додека телото-гранка се среќава со светот и неговите суштества, тоа живее и умира и повторно живее - во стомакот на животните, во длабочините на океанот, во долините бакнувани од Месечината - сè додека од него не исползат исконските мориња на постоењето како ветување за ново дрво.

Извор: brainpickings.org

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото