Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ селектиран во програмата „Work In Progress“ во Карлови Вари

01.07.2020 22:09
Македонскиот филм „„Снежана на крајот умира“ селектиран во програмата „Work In Progress“ на филмскиот фестивал во Карлови Вари

Новиот македонски игран филм „Снежана на крајот умира“, кој е во фаза на пост-продукција, е еден од осумте селектирани филма во програмата „Work in Progress“ во рамките на индустриската секција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, која ќе се одржи од 6. до 10. јули.

За најдобрите остварувања од оваа селекција е предвидена награда во вкупна вредност од 165 000 евра. 

„Ќе ни биде чест проектот да го претставиме пред кремот на носителите на одлуки во европската филмска индустрија, на фестивал од А категорија“, велат од продукцијата на овој филм.

„Снежана на крајот умира“ е во продукција на „Вертиго Висуал“, сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент е Дарко Попов, а главните улоги ги играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото