Фрагменти за името

02.07.2020 17:41

1

За да дојдеш треба покана. За влез треба име. Можам да избирам: Јоана или Надја. Надја. Влегувам непоканета. Името првпат не го менувам.

 

2

На фотографијата се смешка девојче во бел мантил, со стетоскоп околу вратот. Во рацете ѝ е оној дел со кој се слуша дишењето. Др. Вера, пишува на мантилот. Имам четири години.

 

3

Како се викам, ме прашува. Го гледам в очи. Петра. Убаво име. Да. И убаво ти стои. Да.

 

4

Наташа, му се испушти. Прегратката стана Берлин, поделен на два нееднакви дела. Пред и потоа. Прости. Ќе се искупам. Со игла и конец твоето име ќе го зашијам на раката. Моето име не е казна. Конците се за отворени рани. Беа осудени на заборав.

 

5

Тоа ли е зашто немаш уште некое име на синтагматската просторна оска, како католиците? Затоа го менуваш во времето? Дали те определува прашањето на верата? На мерата?

 

6

Ние жените со задоволство ги менуваме имињата. Едвај го чекаме денот кога ќе се вовлечеме во белиот фустан и ќе го промениме името. Нашите стари пријатели повеќе не ќе можат да нѐ најдат во именикот, дури ни на Фејсбук. А кога ќе ја обесиме венчаницата, нам ќе ни останат детето, алиментацијата и новото име.

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото